Македонија
Бракоразводна постапка во Битола заврши со самоубиство
Недоразбирањата меѓу двајца сопружници во Битола кои биле во бракоразводна постапка завршија со обид за убиство и самоубиство.
Недоразбирањата меѓу двајца сопружници во Битола кои биле во бракоразводна постапка завршија со обид за убиство и самоубиство.Триесет и шестгодишниот Јуксел Ј. си пресудил со истрел од пиштол во главата, а неговата сопруга ја истепал со кундакот од пиштолот.Несреќата се случила попладнево во 14.50 часот на крстосницата од улиците „Иво Рибар-Лола“ и „Партизанска“.Портпаролот на битолската полиција, Ѓоко Стрезовски за Макфакс вели дека расправијата меѓу двајцата сопружници започнала во автомобил „Пежо 607“ со кое управувал Јуксел. Во еден момент за време на расправијата со неговата четири години помлада сопруга која била вработена во СВР Битола, Јуксел изгубил контрола, преминал на коловозната лента и удрил во „Голф“.Полицијата кога излегла на местото на инцидентот ја затекнала сопругата пред „пежото“ облеана со крв на главата. На возачкото седиште затекнат бил нејзиниот сопруг со прострелна рана на главата. Жената со повреди е пренесена во Клиничката болница во Битола и се наоѓа вон животна опасност.Двајцата сопружници се соочувале со недоразбирања подолг период, а во тек била и бракоразводна постапка.Извршен е увид на лице место, а телото на починатиот е предадено на обдукција./крај.фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Светиот крст на Водици за прв пат ќе се фрла во водите на езерото Јасика во Долно Лисиче
Оваа година за првпат во Долно Лисиче започнува една убава традиција, односно фрлање на светиот крст во водите на езерото Јасика. По тој повод организаторите на настанот ги покануваат верниците во Бога да присуствуваат на овој настан со надеж дека ќе прерасне во традиција.
„Почитувани верници во Бога, на 19.01.2024 на Богојавление – Водици, за прв пат во Долно Лисиче ќе се организира фрлање на светиот крст во водите на езерото Јасика. Во заедничка организација на Црковниот одбор при Храмот Света Троица и ресторанот Рибник Езеро Јасика ќе започнеме една традиција која се одржува секоја година. Сите заинтересирани кои сакаат да скокаат по крстот да се пријават кај секретарот Бобан Блажевски 070710378 или во самиот Црковен Храм Св.Троица со лични податоци и телефонски број како и доставена медицинска белешка за здравствената состојба на кандидатот“, велат организаторите на настанот.
За тој што ќе го фати крстот ќе биде доделена рачно изработена икона и уште една вредна награда. Пред самиот чин на скокање во осветените води ќе биде извршена уште еден медицински преглед од страна на медицинската екипа.
После фаќањето на светиот крст сите присутни ќе бидат почастени со топло чајче и греана ракија, а доколку некои од верниците во Долно Лисиче сака да донесе некое мезе или сукано истото ќе биде добредојдено.
Детална агенда за настанот:
Крст ќе се фрли во осветените води точно во 12:00. До сега има 15 пријавени кандидати, до сабота кој не се пријавил може да се пријави.
Настанот ќе го проследи и градоначалникот на Општина Аеродром кој лично ќе му ја врачи едната вредна наградата на среќниот капач, а втората вредна награда голема рачно изработена икона ќе ја врачи Отец Оливер Петровски во просториите на Црковниот Храм Св.Троица по завршувањето на манифестацијата.
Распоред на активности:
08:00 – 10:00 утринска богослужба во Храмот „Св.Троица“
11:00 собир во дворот на Св.Троица
11:40 осветување на водите
12:00 спуштање на Светиот крст во осветените води
Греана ракија, топло чајче и пити/банички за посетителите во „Јасика“
12:30 – 13:30 греана ракија, топло чајче, пити/банички во големата сала при Храмот „Св.Троица“ каде ќе се даде втората награда.
Поканети се сите кои сакаат да присуствуваат и да ја видат оваа убава манифестација во живо.
Македонија
Големи гужви попладнево на повеќе скопски улици – сообраќајот закочен
Огромни гужви има попладнево во повеќе делови од главниот град, а граѓаните се жалат дека се заглавени во своите автомобили повеќе од еден час, на рути за кои воглавно се потребни по 20 до 30 минути.
Според информациите, голем метеж има кај Автокоманда поради сообраќајна незгода со неколку возила, поради што настанати се колони, а автомобилите едвај се движат и во реонот на Железара и Бутел, каде исто има информации за случена сообраќајна несреќа.
Големи колони попладнево беа забележани и кај Влае.
Засега не е позната состојбата на учесниците во незгодите.
Граѓаните се жалат на големи гужви и во реонот на скопски Аеродром, Ново Лисиче, Нерези.
Македонија
Симулациска вежба на кандидатите за полициски службеници за одговор при природна непогода
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Центарот за обука на МВР во Идризово, присуствуваше на симулациска вежба со кандидатите за полициски службеници, за одговор на полицијата по случена природна непогода – земјотрес и нарушување на ЈРМ од поголем обем.
„Вежбата се организира во рамките на теренско тактичката обука на кандидатите за време на последната работна недела на кандидатите од генерација 2024/2025. За симулациската вежба беше подготвено сценарио за прикажување на одговор на настаната ситуација од земјотрес. Целта на вежбата е да се претстават вештините на кандидатите за полицаец во делот на обезбедување прв одговор во случај на природна непогода и тоа преку обезбедување помош и поддршка на населението, обезбедување лице место и спасување на настрадани како и одговор на полицијата при нарушен Јавен ред и мир од поголем обем. Во спроведувањето на вежбата активно се вклучија: Црвен крст, Единицата за брзо распоредување, Единицата за службени кучиња и граничната полиција“, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски подвлече дека со таквите практични вежби се симулира реалност во која идните полициски службеници ќе можат да ја демонстрираат својата подготвеност за работа во сложена безбедносна состојба и е можност за унапредување на соработката и координацијата со Црвениот крст која е од суштинско значење во вакви реални ситуации.