Македонија
????????: ?????????? ?? ???????? ?? ?????????????
Споменувањето евентуални датуми за одржување на предвремени парламентарни избори, според пратеничката Роза Топузова – Каревска ја претвора земјава во обложувалница каде што се лицитира со датумот .
Споменувањето евентуални датуми за одржување на предвремени парламентарни избори, според пратеничката Роза Топузова – Каревска ја претвора земјава во обложувалница каде што се лицитира со датумот .
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одржувањето на изборите е политичка одлука на Извршниот комитет на партијата, а нивниот коалиционен партнер ДУИ е за што поскоро одржување на изборите.
„Ние сме подготвени и нашиот став е дека треба што побрзо да излеземе на избори, се разбира по можност да има консензус меѓу сите политички партии, да бидеме транспарентни, демократични и да имаме позитивен извештај на крајот од годинава за спроведените избори“, изјави денеска во Собранието пратеникот, Сафет Незири од ДУИ.
На новинарското прашање за барањата на ДПА за прекројување на границите на шесттата изборна единица, барање кое на лидерските средби го постави и Нова Демократија, од ЛДП велат дека тоа е пропишано со Закон и дека не може да биде прифатливо или не прифатливо, бидејќи Законот јасно кажува колку може да отстапува една изборна единица.
„Во случајов имаме прекршување на Законот и тоа не е барање тоа е должност на пратениците да го направат“, вели Топузoва – Каревска.
Додека пак, ДУИ истакнаа дека ќе ги земат предвид сите барања на сите политички партии, а не само барањата на ДПА.
„Ние како Демократска унија за интеграција ќе ги земеме во предвид сите барања од сите политички партии, а не само од една партија која има поднесено барање за преминување од една во друга изборна единица на гласачите“, рече Незири./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

