Македонија
Цигарите со слики од уништени бели дробови
Секоја кутија цигари од септември покрај предупредување за штетноста од пушењето врз здравјето ќе има слика со оштетени делови од телото кај лица што пушат цигари
Новиот правилник за употреба на тутун што денеска на прес-конференција го претстави министерот за здравство, Бујар Османи, ги предвидува овие правила. Министерот Османи вели дека визуелната порака ќе има ефект кај оние што не ги знаат последиците од пушењето, но и оние што не посветуваат доволно внимание на опасностите предизвикани од него.„Податоците од државите што веќе ги користат овие пиктограми (слики) покажуваат дека многу е поефективно предупредувањето што вклучува и фотографија на телесните промени, односно болестите предизвикани од пушењето“, рече министерот за здравство Османи.Според статистичките податоци во Македонија 8,2 отсто од пушачите се помлади од 15 години, а 20 отсто од нив со пушење почнале пред 10-тата година, соопшти Османи.Целта на пиктограмите на кутиите цигари е да се покаже вистинското влијание на цигарите, вели националниот соработник на Светската здравствена организација за контрола на тутунот, Моме Спасовски.“Во светот сликите спасуваат животи, а верувам и кај нас. Нашата улога е да ја зголемиме свеста кај луѓето. СЗО препорачува употреба на слики кој го покажуваат крајниот ефект од цигарите, мозочен удар, инфракт на срцето, гангрена, рак“, вели Спасовски.Истражувањата спроведени во 2002 и 2008 година направени на околу 5.000 ученици на возраст од 13 до15 години покажуваат дека минатата година во Македонија 11,8 проценти од испитаниците биле пушачи, што е повисоко од 2002 година. Околу 20 отсто од испитаниците искажале дека имаат тенденцијата во наредната година да пропушат, соопшти Елена Ќососка, национален координатор за унапредување на здравјето и национален координатор на СЗО за истражување за застапеноста и употребата на тутунот од страна на младите. “Податците говорат дека околу 44 отсто од учениците слушнале за штетноста од пушењето, додека за причините зошто учениците пушат, дискутирано е во училиште, но само 40 отсто од нив. Голем процент од нив искажале желба да престанат со пушење. Од анкетираните, 66 отсто сметаат оти треба да биде забрането пушењето на јавните места“, истакна Кососка.Правилник за употреба на тутун се применува во земјите на ЕУ, Велика Британија, Белгија, Канада, Бразил, а кај нас го подготвува Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
600 домаќинства во Општина Аеродром ќе добијат специјални канти за селекција на пластика
Општина Аеродром станува прва општина што воведува системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата. Со овој проект, велат од Општината, секое пластично шише и пластично пакување ќе има своја вредност, а граѓаните ќе придонесуваат за почисто и поодговорно општество.
„Проектот ќе опфати вкупно 600 домаќинства, а во првата фаза 50 домаќинства ќе добијат специјални канти за селекција на пластика. Со Одлука на Советот на Општина Аеродром, ЈП за комунални дејности ќе го спроведува проектот, ќе ја поттикнува селекцијата кај граѓаните и ќе го предава отпадот на овластени компании за понатамошен правилен третман“, велат од Општината.
Овој проект е продолжување на Clean AirDrom, за кој е обезбедено и специјално електрично товарно возило за еколошки транспорт на отпад.
„Со оваа иницијатива, Општина Аеродром ја намалува количината на мешан комунален отпад, ја штити животната средина и го поттикнува развојот на свесни граѓански навики“, се наведува во соопштението.
Македонија
(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е владата на ВМРО-ДПМНЕ со нејзините тајни преговори, разговори и договори, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека наместо конкретни и јасни одговори, власта ја нападна СДСМ со црна кампања.
„Кога првпат овие тајни преговори и разговори ги спомнавме, а тоа беше потврдено во пишувањата во странските медиуми, веднаш скокнаа против нас така наречените патриоти од ВМРО-ДПМНЕ. Почнаа со објави дека лажеме, па осмислија цела кампања против мене лично, против други актуелни и поранешни функционери на партијата. Кога тоа не им успеа во следниот период таа кампања само ја засилија“, рече Филипче.
На прес-конференцијата Филипче укажа дека скандалозно и недозволиво е тоа што македонските граѓани наместо од владата, информациите ги дознаа од британските медиуми кои излегоа со детални информации за тоа што е разговарано околу прашањето мигрантите од Британија.
„И од овие пишувања на британските медиуми дознаваме за разговорите кои што се воделе за мигрантите, дека треба да бидат интегрирани да бидат присутни на нашиот пазар на трудот, особено во градежништвото и тука да имаат трајни живеалишта. Дури има и детални информации дека Велика Британија ќе и исплаќа на Македонија 20.000 фунти по депортиран мигрант, согласно новиот договор за т.н. повратни центри. И сето ова замислете македонските граѓани го дознаваат од странски медиуми. Ова е апсолутно недозволиво, ова е скандал од невидени размери“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
Муцунски се сретна со министерот за надворешна трговија на ОАЕ: потврдени одличните билатерални односи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати денеска оствари средба со министерот за надворешна трговија, Тани бин Ахмед Ал Зејуди.
Двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални односи и го истакнаа растечкиот потенцијал за продлабочување на соработката. Посебен акцент беше ставен на економијата, трговијата и инвестициите како приоритетни области за идна соработка, известуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Министрите ја потврдија подготвеноста на двете држави да ја интензивираат соработката во области од заемен интерес, вклучувајќи инфраструктура, енергетика, туризам и технологија – сектори во кои ОАЕ се препознава како глобален лидер во иновациите.
Тие се согласија дека денешната средба ја отвора вратата за нови инвестиции и заеднички проекти кои значително ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу двете земји, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

