Свет
Ал Каеда повторно планирала напад на САД на 11.септември

На десетгодишнината од нападот на Вашингтон и Њујорк, Ал Каеда планирала напад на возовите на американската железница, објави американското министерство за национална безбедност.
На десетгодишнината од нападот на Вашингтон и Њујорк, Ал Каеда планирала напад на возовите на американската железница, објави американското министерство за национална безбедност.
„Во февруари 2010. година Ал Каеда ги разгледувала терористичките операции на возови во САД , по повод десетгодишнината од нападите на 11. септември“, објави портпаролот на министерството Метју Чандлер, пренесе Франс Прес.
Овие информации произлегуваат од документите кои се пронајдени во куќата на Осама бин Ладен во Аботабад.
Чадлер рече и дека нема информации дека во моментов постои закана за железничкиот сектор, но сакале да ги предупредат партнерите за тоа дека постои таков заговор.
Наводно Ал Кеда планирала да преврти воз кој требало да падне во долина или од мост.
„Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на извори од администрацијата, објави дека податоците собрани од куќата на бин Ладен покажуваат дека тој и понатаму ги водел и планирал нападите на Ал Кеда од своето засолниште.
Објавено е и дека ЦИА со месеци пред акцијата на елитните американски единици внимателно следела што се случува во вилата на Бин Ладен што најверојатно дополнитено ќе ги посрамоти пакистанските функционери и пакистанската разузнавачка служба која не била информирана за сето тоа./крај/фп/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германија воведува шестмесечен воен рок

Германската влада планира да воведе нова форма на воена служба, која првично би се базирала на доброволна основа, објавија денес германските медиуми.
Како што објавија неколку германски медиуми, повикувајќи се на извори во Бундестагот, министерот за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократска партија на Германија – СПД) презентира предлог-закон за воена служба, која би се базирала на доброволност.
Законот предвидува скратена доброволна воена служба од шест месеци, која може да се продолжи според личните желби на регрутот. Шестмесечната ротација, како што е наведено, овозможува обука на поголем број војници од сегашната дванаесетмесечна воена служба.
За време на оваа скратена воена обука регрутите би биле подготвени за поедноставни задачи, како што се инспекции или чување објекти. Секое продолжување на рокот би донело со себе дополнителна професионална обука.
Според медиумски извори, нацрт-законот предвидува повторно воведување на задолжителната воена служба во случај потребите на Бундесверот да не може да се задоволат на доброволна основа. Прашалниците што се користат за регрутирање нови доброволни регрути би биле дистрибуирани до сите членови на една генерација, кои на тој начин би се изјасниле дали се подготвени за воена служба или не.
За мажите, пополнувањето на прашалникот би било задолжително, за жените – не. Писториус планира да го зголеми сегашниот состав на Бундесверот поради заканата што доаѓа од Русија на вкупно 460.000 члена.
Експертите веруваат дека Бундесверот нема да може да го достигне потребниот број војници само на доброволна основа. Затоа има барања во нацрт-законот да се вметне клаузула што би овозможила автоматско преминување на задолжителната воена служба во случај доброволната служба да не го покрие потребниот број војници.
Отпорот кон воведувањето на задолжителната воена обврска доаѓа првенствено од редовите на СПД, која ја формира федералната влада заедно со Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ.
Задолжителната воена служба беше укината во 2011 година поради неуставност бидејќи не беше можно да се овозможи сите членови на една генерација да служат во војската.
Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.
Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.