Свет
Јеменската Ал Каеда ја потврди смртта на Ал-Авлаки

Огранокот на глобалната терористичка организација Ал Каеда во Јемен во понеделникот ја потврди информацијата за загинувањето на својот водач Анвар ал-Авлаки , во воздушен напад на беспилотно летало на САД пред десетина дена.
Огранокот на глобалната терористичка организација Ал Каеда во Јемен во понеделникот ја потврди информацијата за загинувањето на својот водач Анвар ал-Авлаки , во воздушен напад на беспилотно летало на САД пред десетина дена.„Го потврдуваме мачеништвото на муџахединот и херој, шеикот Абдула Рахман Анвар бин Насер ал-Авлаки“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на AQAP, пренесува американскиот центар за следење на исламистичките интернет страници – SITE.Авалки е роден во САД а претседателот Барак Обама неодамна издаде наредба да биде пронајден – ликвидиран, поради неговата блискост со Ал Каеда на Арапскиот полуостров (QAP). Ал-Авлаки, како што своевремено беше објавено, бил убиен на 30-ти септември, во провинцијата Абијан во јужниот дел на земјата,во напад на американско беспилотно летало врз колона од автомобили, а во еден од нив бил водачот на јеменската ќелија на Ал Каеда. Меѓутоа, два дена подоцна, неговиот брат за кинеската новинска агенција Синхуа ја демантираше оваа информација.Ал-Авлаки е американски државјанин, роден во Ново Мексико а израснат во Јемен. Како што беше наведено од страна на еден агент на ФБИ, ал-Авлаки со измама добил грант за образование на Универзитетот Колорадо во раните 1990-ти, намерно ставајќи погрешно место на раѓање во прашалникот за добивање на грантот. Додека бил студент, ал-Авлаки се свртел кон радикалниот ислам и почнал да проповеда во џамиите во Сан Диего и во Форт Колинс во сојузната држава Колорадо.Имамот го привлекол вниманието на ФБИ врз себе во 1999 година. Истрагата се сомневала дека тој контактирал со некои агенти на Ал Каеда, кои одржувале сателитска врска со Осама бин Ладен. Поради недостигот од докази, случајот е затворен.Според ФБИ, ал-Авлаки, исто така, ја посетувал џамијата во Сан Диего, во сојузната држава Калифорнија, заедно со Наваф ал-Хазми и Калид ал-Мидхар, коишто на 11-ти септември 2001 го киднапираа авионот којшто потоа го урнаа врз зградата на Пентагон. Агентот на ФБИ е убеден дека ал-Авлаки однапред знаел за нападот.Јеменските власти потврдија дека ал-Авлаки имал средби со обвинетиот за обид за извршување терористички напад во авионот А-330 над аеродромот во Детроит на 25-ти декември 2009 година, државјанинот на Нигерија, Умар Фарук Абдулмуталаб.Ал-Авлаки, исто така, контактирал и со мајорот Малик Хасан лекар психијатар во американската армија, кој во 2009 година застрела 13 луѓе во воената база во ТексасВо средината на јануари 2011 година, јеменскиот суд во отсуство го осуди ал-Авлаки на казна затвор од десет години по обвинение за поттикнување на убиство на странски државјани и одржување врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.Директорот на Националниот контраразузнавачки центар на САД, Мајкли Лејтер, го нарече ал-Алваки центар, најуспешните промотор на екстремистички ставови на интернет, притоа тврдејќи дека имамот може да претставува најголемата закана за американската национална безбедност.Откако на почетокот од мај во Аботебад во Пакистан беше убиен водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, повеќето светски експерти за борба против тероризмот не исклучуваа дека на негово место може да дојде токму ал-Алваки./крај/ро/мф/сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кремљ му одговори на Трамп

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека емотивноста на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со постигнувањето мир во Украина е разбирлива.
Порано денес, Трамп, зборувајќи за решението за постигнување мир во Украина, оцени дека рускиот претседател Владимир Путин го разочарал.
„Претпоставуваме дека Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп лично ја задржуваат својата политичка волја и намера да продолжат со своите напори за олеснување на украинското решение. Затоа, секако, претседателот Трамп е доста емотивен по ова прашање. Ова е сосема разбирливо“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Песков нагласи дека Путин, исто така, останува посветен на мирот преку дипломатија и прави многу за да го постигне.
Тој рече дека во меѓувреме, режимот во Киев и европските земји прават сè што е можно за да продолжат по патот на конфронтација.
Путин и Трамп се сретнаа во Алјаска на 15 август, каде што разговараа за начините за решавање на украинската криза, а по разговорот изразија подготвеност да работат на нејзиното решавање.
Свет
Палестинскиот претседател Абас ќе се обрати во ОН преку видео повик

Претседателот на Палестина Махмуд Абас треба да се обрати на Генералното собрание на ОН преку видео повик следната недела, откако САД одбија да му дадат виза за влез во земјата.
Откако 145 од 193 земји-членки го поддржаа предлогот, Абас треба да се приклучи на општата дебата преку видео повик следниот четврток.
САД ги поништија визите за Абас и десетици претставници на Палестинската самоуправа (ПА) и изјавија дека нема да издаваат нови документи, велејќи дека ПА не се дистанцирала доволно од тероризмот.
Според повелбата на ОН, САД се должни да издаваат визи на сите претставници кои сакаат да патуваат во седиштето на ОН во Менхетен.
Вообичаено само на шефовите на влади им е дозволено да се обратат на општата дебата.
Свет
Израел: Ќе го нападнеме градот Газа со невидена сила

Израелската армија денес објави дека ќе го нападне градот Газа со „невидена сила“, повикувајќи го населението да се евакуира од областа каде што ја спроведува својата голема офанзива што е критикувана од меѓународната заедница.
Израел во вторникот објави почеток на копнена и воздушна воена кампања во Газа на север од енклавата, за уништување на палестинското исламистичко движење Хамас, чиј напад во Израел на 7 октомври 2023 година ја предизвика војната во Појасот Газа.
„Израелските сили ќе продолжат со своите операции со невидена сила против Хамас и други терористички организации“, изјави полковникот Авичај Адрае, портпарол на израелската војска, повикувајќи ги жителите да се евакуираат.
Но, жителите велат дека ситуацијата е хаотична. „Немаме каде да одиме“, изјави за АФП Ум Мохамед ал-Хатаб, Палестинка од бегалскиот камп Шати во западниот дел на градот Газа.
„Моите седум деца и јас сè уште живееме во шатори на запад од градот откако окупацијата (Израел) ја бомбардираше нашата куќа“, додаде таа.
„Не се плашам од смртта, се плашам за моите деца“, рече 34-годишната Лејла Азам, која живее со своите три деца во Тел ал-Хава во јужна Газа. „Дури и немаме шатор“.
ОН го процени бројот на луѓе што живеат во и околу Газа на крајот на август на околу еден милион. Израелската војска соопшти дека 480.000 луѓе избегале од областа.
Фото: ЕПА