Македонија
Светска банка предупредува на внимателно однесување со задолжувањето
Политичките превирања во Македонија, се главна причина за загриженост во редовниот полугодишен економски извештај за Југоисточна Европа на Светска банка, како и високото ниво на фискален дефицит, слабости во менаџментот со јавните финансии и ефикасноста на трошењето, зголемениот јавен долг и стагнацијата во структурните реформи.
Политичките превирања во Македонија, се главна причина за загриженост во редовниот полугодишен економски извештај за Југоисточна Европа на Светска банка, како и високото ниво на фискален дефицит, слабости во менаџментот со јавните финансии и ефикасноста на трошењето, зголемениот јавен долг и стагнацијата во структурните реформи.
Директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели посочува дека годинава економскиот раст во земјава се намалил на 2 отсто главно како последица на намалените инвестиции кои биле силно погодени од политичката криза. Тој нагласи дека фискалниот дефицит расте, а тоа има импликации врз вкупниот јавен долг на државата. „Нема ништо лошо во задолжувањето за да се одржува јавниот долг, и да се покрие фискалниот дефицит. Но кога се задолжувате, потребно е да ги инвестирате тие средства колку што е можно попродуктивно“, изјави директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели.Од Светската банка посочуваат дека изгледите за економскиот развој се позитивни и се надеваат дека по изборите, политичката криза ќе се надмине и ќе се воспостави политичка стабилност, по што ќе почне циклусот на привлекување нови странски инвестиции.„Инвестициите имаат значаен придонес како контрибутор кон растот во Македонија, но лани и оваа година имаме негативен придонес на инвестициите кон растот и покрај тоа што имаме значително зголемување на јавните инвестиции, тоа не е доволно да го компензира падот на приватните инвестиции што се толкува како последица на пролонгираната политичка криза и намалената сигурност во економските текови“, објаснува Бојан Шимов, економски аналитичар во Светска банка.Во извештајот, меѓу другото, се забележува дека фискалната потрошувачка останала главниот двигател на растот, поткрепена од подобрувањето на пазарот на труд и повисоките плати и трансфери од јавниот сектор. Во последната година растот главно е движен од градежниот сектор и трговијата. Во поглед на пазарот на труд, забележан е тренд на зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста.„Во 2016 гледаме намалување на стапката на активно население, што претставува индикатор дека дел од населението кое е подолго време невработено, е заморено од барање работа и го напушта пазарот на трудот, или пак може е тренд на иселување од земјата. Вториот ефект е тоа што од сите новокреирани работни места може да се види дека истите се со фискален стимул, каде работодавачот е ослободен од плаќање на социјални придонеси и слични давачки“, изјави Шимов.Токму тоа пак, создава притисоци врз пензискиот систем, што значи дека околу 45 проценти од приходите на пензискиот систем се остваруваат преку трансфери од државниот буџет.„Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања. Начинот на којшто владее актуелната власт, преку задолжувања, негативно се одразува на економијата. Светска банка во Извештајот ги потврдува податоците што ги соопштив на граѓаните дека износот на јавниот долг за 2016-та година ќе изнесува 50 отсто. Банката соопшти дека очекува јавниот долг на Македонија да достигне 52,2 отсто во 2017 година. Исто така Светска банка предупредува за дефицит од 3,4 отсто следната година што потврдува дека актуелната власт носи неразвојни буџети за економијата“, предупредува дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов.„Светска банка јасно и недвосмислено посочи дека успорувањето на економскиот раст, странските инвестиции, а со тоа и зголемување на буџетскиот дефицит со цел да се задржи растот, се директна последица на политичката криза која во Македонија ја создадоа аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ“, реагираат од партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваат дека Наумов и СДСМ добро знаат дека половина од државниот долг е направен во време на СДСМ, со таа разлика што тие немаат ниту еден единствен проект со кој може да го оправдаат овој долг. Дополнително, ден денес има околу 40 активни кредити од времето на СДСМ кои земјава се’ уште ги отплаќа, пари кои испарија во воздух, односно во џебовите на функционерите на СДСМ.
„Наспроти тоа, Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа и нејзиниот долг е скоро двојно помал од европскиот просек. И овие факти СДСМ ги смета за поразителни, бидејќи се води по мотото „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“. И покрај политичката криза Светска банка оцени дека нивото на раст на Македонија е за респект во Европа, како и дека нејзиниот потенцијал е многу поголем и ќе се реализира по завршување на политичката криза која СДСМ ја креираше“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

