Свет
Рација во белгиска католичката црква поради педофилија
Рација на припадниците на полицијата во седиштето на белгиската католичка црква, заради тужба за сексуално злоставување на деца од страна на црковните службеници.
Рација на припадниците на полицијата во седиштето на белгиската католичка црква, заради тужба за сексуално злоставување на деца од страна на црковните службеници.
„Во контекст на неодамнешната истрага, обвинителството беше информирано за обвиненијата дека одреден број црковни личности злоставувале малолетници“,изјави портпаролот на државниот обвинител во Брисел, Жан-Марк Мејлор.
Полицијата влегла во просториите на архиепископот на Брисел северно од белгиската престолнина за да потврдат дали се точни тужбите“, соопшти Мејлор.
Белгиската католичка црква ја потресе скандал во април кога 73 годишниот бискуп Роже Ванхелув поднесе оставка од својата функција во градот Бриж, откако призна дека со години злоставувал деца.
Папата Бенедикт XVI во неколку прилики ги осуди постапките на свештениците педофили./крај/мондо/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.
Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес.
Земјотресот бил почувствуван во поширока област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита.