Македонија
ЕУ критики за законот за енергија

Владата на Македонија предложи Акциски план за справување со забелешките од Европската енергетска заедница
Меѓу другото таа сугерира дека треба да се промени Законот за енергетика, бара либерализација на енергетскиот пазар, а има забелешки и на Правилникот за определување на цената на струјата.
Измените, според најавите, пред пратениците ќе се најдат кон средината на наредната година.
Но, на што се должат критиките на ЕЕЗ, ако се земе предвид дека актуелниот закон е донесен септември минатата година? Владата во Македонија го усвои Акцискиот план за измена на регулативите кои што се однесуваат на пазарот на енергетиката, онака како што препорача и Европската енергетска заедница.
Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека до средината на следната година, кога е ставен рок за измена на законот, ќе се бара модел кој што ќе обезбеди слободен пазар за стрија и гас, закон кој што ќе обезбеди еднакви права на учесниците на пазарот, како и поголема независност на регулаторната комисија:
„Ова се главните работи кои што треба да се направат, да се вметнат во легислативата, и сега во текот на акцискиот план ќе се дефинираат работите попрецизно.“
Новиот Закон за енергетика во Македонија беше донесен во септември минатата година.
Критика од Европа има и кон независноста на регулаторната комисија и методологијата за пресметката на загубите при транспорт на струјата, па се покриваат само 11% од вкупната загуба.
Тука се собираат техничката загуба која што е неминовна, но и комерцијалната, односно струјата која сеуште се краде во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче до граѓаните: Вашата сила е во гласањето, покажете ја во недела

Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во Крива Паланка.
Пред граѓаните, Филипче се заблагодари за масовната поддршка и јасно порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи нашиот дом власта да продолжи да го руши цигла по цигла, или народот ќе се обедини за да го зачува.
„Ова не се обични локални избори. Во недела одлучуваме дали ќе ја вратиме правдата, достоинството и чесноста во нашата земја. Одлучуваме за иднината на секое семејство, за сигурна иднина на младите, за држава во која трудот се цени, а не партиската книшка“, истакна Филипче.
Тој потенцираше дека СДСМ е партијата која секогаш ја водела Македонија напред, со конкретни политики и дела, а не со лаги и манипулации.
Македонија
Мицкоски повика на масовна излезност: Гласајте за партии што можат да менуваат, а не за мали групи што профитираат од вашите гласови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните на масовна излезност в недела и истакна дека на овие избори се избира меѓу две опции – една која, како што рече, ја враќа Македонија назад, и другата – понудата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која нуди вистински избор и напредок.
„ Јас ги повикувам граѓаните да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовно да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. “ рече Мицкоски во гостување на „Сител“.
Тој дополнително порача и дека граѓаните треба да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали партии кои се мала група што профитира од гласовите на граѓаните. Според него, ако граѓаните го послушаат разумот и срцето, во огромно мнозинство ќе го заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Шабан Салиу: Децата во Шуто Оризари заслужуваат современо и модерно основно училиште

Кандидатот за градоначалник од Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу најавува силен фокус на образованието, културата и идентитетот на ромската заедница, со порака дека „Шуто Оризари е приказна што ја пишуваме заедно“.
„Тоа е ромскиот идентитет, тоа е ромската музика, тоа е смеата на децата што трчаат по нашите маала. А нашите деца заслужуваат многу повеќе,“ порачува Салиу, нагласувајќи дека достоинството на заедницата започнува со квалитетни услови за учење.
Салиу зборува и за својата образовна визија како градоначалник на оваа скопска општина.
„Заслужуваат современо и модерно основно училиште — модерни училници, дигитална опрема и услови за квалитетно образование на секое дете. Заслужуваат специјализирани простории за музичка, ликовна и техничка настава. Време е сонот да стане јаве, да стане наше секојдневие — генерација по генерација,“ порачува Салиу.
Повикувајќи на заедничка одговорност и работа, Салиу истакна: „Драги мои, да покажеме дека Шуто Оризари не моли — Шуто Оризари работи. Тоа е мојата задача. Тоа е нашата победа.“