Свет
Заглавениот мразокршач се ослободи од ледениот обрач кај Антарктикот
Рускиот туристички брод со повеќе од 100 туристи и научници, што во вторникот беше заробен во мразот околу Антарктикот, во среда успеа да заплови…
Рускиот туристички брод со повеќе од 100 туристи и научници, што во вторникот беше заробен во мразот околу Антарктикот, во среда успеа да заплови и наскоро треба да стигне во водите без мраз. Некогашниот мразокршач „Капетан Хлебњиков“, кој во 80-сетите години на минатиот век беше претворен во туристички брод, успеал да се ослободи од мразот недалеку од антарктичкиот полуостров во Веделовото море. Никој од патниците, кои тргнале на патување да ги видат кралските пингвини не бил во опасност. Бродот пред два дена требаше да пристигне во Аргентина. Руските новински агенции соопштуваат дека бродот успеал да се пробие низ мразот долг 5,5 километри и дека само еден километар го дели од морето без мраз. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Свет
Истекување на гас во градинка предизвика труење кај деца и воспитувачи во Милано
Шеснаесет лица беа отруени денес, од кои 12 беа деца поради истекување на јаглерод моноксид во градинка во Милано.
Истекувањето се случи утрово, а 12 деца, двајца родители и двајца наставници беа отруени, објави противпожарната служба, додавајќи дека никој не е сериозно повреден, пренесува „Анса“.
Полицијата и пожарникарите интервенираа на лице место, заедно со експерти од единицата за биолошка и хемиска заштита (NBC) кои моментално работат на утврдување на причината за истекувањето, најверојатно предизвикано од дефект на бојлер.
Порталот „Милано тудеј“ објавува дека инцидентот се случил непосредно пред 9:20 часот наутро.
Зградата со површина од околу 150 квадратни метри беше веднаш евакуирана, а децата и наставниците се во тријажната зона каде што здравствените работници ја проценуваат можноста за хоспитализација поради нивните симптоми, пренесува Танјуг.
Свет
Трамп: Наскоро добри вести во врска со крајот на војната во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата администрација наскоро може да има добри вести во врска со нејзините напори за ставање крај на речиси четиригодишната војна во Украина.
„Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа.
Мислам дека може да имаме добри вести“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, објави Ројтерс. Специјалниот американски претставник Стив Виткоф ќе присуствува на преговорите со делегациите на Русија и Украина во Абу Даби, објави денес Белата куќа.
Претходно, Зеленски објави дека следната рунда трилатерални преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија за крајот на војната во Украина ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека одложувањето на втората рунда мировни преговори за Украина во Абу Даби е резултат на несогласувања во распоредот на делегациите и дека нови разговори ќе се одржат на 4 и 5 февруари, пренесува Танјуг. На претходната средба во Абу Даби од 23 до 24 јануари, фокусот на преговорите беше ставен на крајот на војната и понатамошниот процес на мировни договори.

