Свет
Рудникот "Саса" му се враќа на Блажо Тасев
Тасев се уште нема причина да се радува, бидејки на одлуката на судот има право на жалба во рок од осум дена, ни изјави стечајниот управник, Виктор Тодоров
Основниот суд во Кочани ја прифати тужбата на словенечкиот бизнисмен
Тасев се уште нема причина да се радува, бидејки на одлуката на судот има право на жалба во рок од осум дена, ни изјави стечајниот управник, Виктор Тодоров
Иван Бојаџиски
ШТИП – Основниот суд во Кочани ја прифати тужбата на словенечкиот бизнисмен од македонско потекло Блажо Тасев за исполнување на договорот и утврдување на сопственоста над рудникот за олово и цинк “Сасааи од Македонска Каменица. Истовремено, задолжен е стечајниот управник Виктор Тодоров да го потпише договорот за купопродажба на рудникот што тој требаше да го направи уште во јули минатата година. Иако незадоволната странка има право на жалба во рок од осум дена, тоа не го одлага извршувањето на судската одлука. Со тоа практично рудникот се враќа во владение на Блажо Тасев.
“Иако доживеав многу непријатности во целиот овој процес, чиј промотор беше стечајниот управник, никогаш не ја губев надежта дека македонските судови ќе донесат праведна и на закон заснована одлука. Тоа ми даде сила во изминатите шест месеци да истрпам многу удари врз мојата личност, зашто не сакав државата во која сум се родил да ја влечкам пред меѓународните судови. Жалам што се изгуби драгоцено време во докажување нешто што не постои, како што беше потеклото на парите со кои го купив рудникот. Ако целиот процес се одвиваше според законот, денес во “Сасааи ќе сечевме ленти, ќе имавме 500 рудари на нивните работни места и исто толкав број среќни семејствааи, ни изјави Блажо Тасев, кој не го криеше своето задоволство, како што рече, од победата на законот, правото и правдата изјави Тасев. Тој уште напомна дека утре доаѓа во Македонија за да види како стојат работите во рудникот и со стручниот им и да подготви стратегија за брзо рестартирање на овој значаен македонски капацитет.
Стечајниот управник Виктор Тодоров вели дека Тасев сў уште нема причина да се радува, бидејки на одлуката на судот во Кочани имал право на жалба во рок од осум дена. “Налог да се оди на нов тендер добив од Одборот и од Собранието на доверители и имам законска обврска да ги почитувам нивните одлукиии, ни изјави тој. За разлика од него, Славчо Секулов, правен застапник на Блажо Тасев, вели дека стечајниот управник има судска одлука која го обврзува во рок од три дена, независно од правото на жалба, да го потпише договорот. “Ако стечајниот управник во законски дадениот рок не го потпише договорот, тогаш тој ќе направи уште едно во низата кривични дела кои во континуитет ги прави уште од јули минатата година, за што сигурно ќе му поднесеме тужба. Самоволието и незаконските постапки на стечајниот управник ги поминаа сите граници на толеранција. Не му се потребни консултации со Одборот на доверители за да стави потпис на договорот за купопродажба на “Сасааи, го обврзува и оваа последна во низата судски одлуки кои се на страната на Тасевви, вели Секулов.
Блажо Тасев го купи рудникот на 27 јули минатата година на меѓународен јавен тендер. Прво Одборот, а потоа и Собранието на доверители ја оценија неговата понуда за најповолна. Тасев навреме ги уплати сите 606.000 евра. Во неговата понуда беше и вработувањето на 900 рудари од кои 500 да прими по четири месеци од примопредавањето и во првите три години да инвестира 8,1 милион евра. Но, стечајниот управник одби да го потпише договорот за примопредавање на имотот на “Сасааи. Подоцна беше соопштено дека се трага по потеклото на парите со кои Тасев го купи овој рудник кои, наводно, биле сомнителни. До денес никој не понуди никакви докази дека парите на Тасев биле сомнителни. Хелсиншкиот комитет за човековите права во Македонија, во својот извештај од минатиот месец, посебно го елаборираше овој случај, прогласувајќи го за грубо кршење на правата на инвеститорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

