Контакт

Македонија

Ламбсдорф: Би биле критични во однос на бојкот на изборите

Објавено пред

Германија би била критички настроена кон евентуален бојкот на можните предвремени парламентарни избори, изјави политичкиот директор за Југоисточна Европа и Турција при германското министерство за надворешни работи, Николаус фон дер Венге Гроф Ламбсдорф

dobivaj vesti na viber

Германија би била критички настроена кон евентуален бојкот на можните предвремени парламентарни избори, изјави политичкиот директор за Југоисточна Европа и Турција при германското министерство за надворешни работи, Николаус фон дер Венге Гроф Ламбсдорф по денешната средба со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.Посочи дека обврска на парламентарното мнозинство е да ги штити правата на опозицијата, но истовремено подвлече дека обврска на опозицијата е да учествува во демократските процеси. „Според нашето мислење, обврска на мнозинството е да ги штити правата на малцинството, но во исто време, обврска на малцинството е да учествува во демократските процеси. Ние сме донекаде критички настроени во однос на бојкотот на парламентот и веројатно би биле многу критични во однос на бојкот на изборите“, изјави Ламбсдорф.Вели дека одржувањето на предвремени парламентарни избори е внатрешно прашање.„Предвремените избори се важни. Се обидов да дознам дали ќе има предвремени избори. Ние, се разбира, нема да се мешаме во домашната политичка дискусија за условите за такви избори. Тоа е нешто што политичарите и партиите овде треба да го дискутираат и да одлучат, и ако е можно, во парламентот“, изјави  Ламбсдорф по денешната средба со Црвенковски. /крај/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти за капитални проекти

Објавено пред

Советот на Општина Центар на 43. Седница со 18 гласа „За“, воздржани 2 и ниеден против, го усвои буџетот за 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Проектираниот основен буџет е рекорден, со вкупна сума од 1.086.250.000,00 денари. Од овој износ, дури 45% се наменети за капитални проекти, додека преостанатите 55% ќе се користат за тековно и оперативно функционирање на општината.
Градоначалникот Герасимовски ја поздрави одлуката на Советот.

„Сакам да се заблагодарам на советниците и на администрацијата на општината за успешната реализација на многуте квалитетни проекти во текот на оваа година, во интерес на граѓаните. Со програмата и буџетот за следната година, верувам дека ќе имаме уште поголем број проекти што заедно ќе ги реализираме. Благодарност и за поддршката и гласовите што Советот ги даде за новиот буџет за 2025 година за да можеме да креираме буџет што ќе одговори на потребите на сите наши сограѓани”, изјави Герасимовски.

Буџетот за наредната година е развоен, реален и транспарентен, а приоритетните капитални проекти се: финализирање на реконструкцијата на спортската сала „Работнички“, изградба на нова општинска зграда со подземен паркинг, реконструкција на улиците во локалитетот Тасино Чешмиче, во населбата Капиштец и во реонот на Дебар Маало, реконструкција на улицата „50 Дивизија“, пренамена на улицата ,,Мирослав Крлежа” во пешачка зона и модернизација на јавното осветлување со воведување ЛЕД технологија и примена на современи техники за управување и надзор.

Во областа на образованието, обезбедени се средства за реконструкција на училиштата, набавка на униформи за учениците, информатичка опрема, како и за инсталирање фотоволтаични системи на три детски градинки.
Во делот на животната средина, акцентот е ставен на набавка на мерни сензори за бучава, мобилни уреди и мапирање на бучавата, а планирани се средства и за санација и поставување урбана опрема, реконструкција на игралишта, паркови и зелени површини.

Во сегментот социјална заштита обезбедени се средства за новиот проект „итно копче“ за помош во итни ситуации за повозрасни лица и пакет услуги за деца и жени жртви на насилство, како и превенција од дроги и зависности. Во програмата за култура, на барање на советниците додаден е проектот ,,Прошетка со граѓаните за запознавање на знаменитости на Центар“.

Во делот на спортот, обезбедено е финансирање на КК ,,Работнички” и организација на натпревари во рамките на Лига Центар, со цел да се поттикне спортската активност и да се создадат услови за развој на младите спортисти.

Во буџетот се предвидуваат финансии и за одржување на постоечката инфраструктура, сервисирање тековни потреби на граѓаните и редовните проекти од сите сфери кои се покажаа како успешни, меѓу нив: сервис за стари лица, еднократна помош за новороденчиња и социјално загрозени семејства, стипендии за талентирани ученици и ученици од семејства во социјален ризик, Феникс награда, награди за најдобрите наставници и негувателки, како и обезбедување средства за хигиена и тековно – оперативни трошоци во градинките и основните училишта во Општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова го прими Стојан Николов, потпретседател на Обединетата македонска дијаспора

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Стојан Николов, потпретседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за важноста на односите меѓу дијаспората и матичната држава, со посебен акцент на зајакнувањето на културните, економските и образовните врски.

Претседателката Силјановска-Давкова изрази поддршка, почит и благодарност за активностите на ОМД во промовирањето и зачувувањето на македонскиот идентитет и култура ширум светот.

Претседателката Сиљановска-Давкова ја истакна посветеноста кон дијаспората и можностите за отворање нови хоризонти за соработка и развој, што ќе се придонесе за зајакнување на македонското присуство и влијание на глобално ниво.

Во тој контекст, претседателката Сиљановска-Давкова ги претстави своите заложби за формирање Национален совет за соработка со дијаспората, што ќе работи на координирање, конкретизирање и продлабочување на врските со дијаспората во потрага по најдобри решенија за нејзино вклучување во научниот, образовниот, културниот, економскиот и друг развој на државата. Претседателката Сиљановска-Давкова изрази желба и подготвеност за вклучување на млади од дијаспората во работата на Советот за млади.

Таа ја истакна важноста на дијаспората за македонското национално ткиво, како негов неразделен дел, амбасадор во САД и неговите политички институции, лобист за македонската кауза и промотор на националната традиција.

На средбата беше изразена поддршка на реализацијата на проекти што ќе ги зајакнат врските на државата со нејзината дијаспора, со акцент на заедничката визија за иднината во која Македонците, без разлика каде живеат, ќе бидат обединети околу заложбите за промовирање на заедничката култура, јазик и идентитет и развојот на матичната држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Објавени пет јавни повици за понуди за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

dobivaj vesti na viber

Првиот Јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.

Додека пак другите четири Јавни повици се однесуваат за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за различни региони и катастарски општини.

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Јавните повици се објавени и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 минути

Четири автомобили се судрија на патот кон Крива Паланка, тројца од возачите се тешко повредени

Судир на четири автомобили се случи вчераа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, пришто тројца возачи се здобија со тешки...

Македонија2 часа

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Свет4 часа

Белата куќа: Има индиции дека Русија е одговорна за авионската несреќа во Азербејџан

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека има рани индикации оти Русија е можеби одговорна за падот на азербејџанскиот...

Македонија4 часа

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет5 часа

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет5 часа

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија18 часа

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија18 часа

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија22 часа

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија24 часа

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија24 часа

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија1 ден

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија1 ден

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија1 ден

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет1 ден

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет1 ден

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет1 ден

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет1 ден

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...

Свет1 ден

Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените...

Свет1 ден

Почина поранешниот индиски премиер

Поранешниот индиски премиер Манмохан Синг почина на 92-годишна возраст, се вели во соопштението на Институтот за медицински науки во Индија...