Македонија
Скопјани ќе се возат во 300 кинески автобуси
Кинеската компанија Zhengzhou Yutong Group co ltd (Џенгџоу Јутонг Групација) е избрана за најповолен понудувач за набавување на 302 автобуси
Кинеската компанија Zhengzhou Yutong Group co ltd (Џенгџоу Јутонг Групација) е избрана за најповолен понудувач за набавување на 302 автобуси.
Ова, како што пренесува Макфакс, денеска го соопшти Министерството за транспорт и врски.
Кинезите понудиле основна цена за 302 автобуси во износ од 51.000.000 евра и соодветни технички карактеристики, меѓу кои и мотор Cunnungs EURO 5, вкупен број на седишта за 60 патници, автоматска рампа и генерална гаранција за 36 месеци.
Јавната набавка се однесува на 302 новопроизведени двокатни автобуси, од кои 300 од затворен тип и два од отворен тип за градски сообраќај, кои ќе бидат испорачувани во периодот од следните три години, по склучување на договорот за јавната набавка.
Останатите компании што учествуваа на тендерот имаат рок од осум дена да го обжалат решението.
Групацијата Zhengzhou Yutong Group co ltd е основана во 1963 година и има производствен капацитет од 120 автобуси дневно, а претставува најголема и технички најнапредна база за производство на големи и средни автобуси во светот чиј обем на продажба е рангиран на второто место зад „Мерцедес Бенц“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сонце, од утре снег
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од -7 до 1, а максималните од 1 до 9 степени целзиусови.
Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево и тивко. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачно.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека денеска ќе има само преодно стабилизирање на времето.
„Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од север ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд. Особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка, а снег ќе има понекаде и во пониските места“, велат од УХМР
Македонија
Мицкоски-Куртулмуш: Интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, кој денеска престојува во официјална посета на земјава.
– Ги потврдивме одличните и пријателски односи со Турција. Ја истакнав заложбата да се интензивира економската и културна соработка, како и интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност, објави Мицкоски на Фејсбук.
Македонија
Тошковски за Денот на настава на турски јазик: Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес се обрати на свечената манифестација по повод 21 Декември – Ден на наставата на турски јазик во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија. На настанот присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција Нуман Куртулмуш.
Министерот Тошковски во своето обраќање истакна дека во богатиот спектар на ова наше македонско тло, на нашата убава Македонија, турската етничка заедница претставува врзовно ткиво, длабоко фундирано во културниот, историскиот и општествен развој на нашата држава.
„Таа позиција изградена со силната лојалност и добронамерност, со солидарност и уважување на сограѓаните, заслужува највисок можен респект. Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња, од културно до технолошко.
Оттаму, денешното наше заедничко чествување на Денот на настава на турски јазик, треба да се сфати како одбележување на датум што ја надминува сопствената симболика, како празник кој што безрезервно го заслужува пиететот, почитта и искреното уважување од сите наши граѓани.“, подвлече министерот Тоошковски.
Тошковски го честиташе денешниот празник, Денот на настава на турски јазик, со уверување дека исто како и нашите претходници и ние сегашните генерации ќе им оставиме на оние што ќе дојдат по нас наследство изградено од цврсто заедништво, меѓусебно почитување и партнерство, како темелни вредности на заедничкиот натамошен опстој.