Македонија
Експертска конференција за борбата против трговијата со дрога
Борбата против трговијата со дрога е темата на дводневната конференцијата што почнува денеска во Охрид во организација на Бирото за јавна безбедност при МВР, со поддршка од Женевскиот центар за Демократска контрола на вооружените сили (DCAF)
На конференција покрај претставници на МВР ќе учествуваат и експерти од повеќе западноевропски полиции, од американската ДЕА, претставници од земји во регионот, како и експерти од интернационални организациии како СЕКИ Центарот и Интерпол.Експертите ќе говорат за теми од областа на борбата против трговијата со дрога, почнувајќи од граничните контроли, реализацијата на националните стратешки програми, засилувањето на разузнавањето во поглед на трговијата со дрога, зголемување на потенцијалите и капацитетите на законските инстанци, технички и тактички можности, подобрување на меѓународната соработка, развој на превентивните мерки за намалување на употребата на опојните дроги.На утрешниот прв ден ќе бидат презентирани темите околу политиката на проширување на ЕУ од аспект на соработката во борбата против трговијата со дрога, како и активностите и значението на организациите како Интерпол и СЕКИ Центарот во борбата против овој вид криминал.На конференцијата тематски ќе се разгледаат и меѓународните стандарди на контролата на дрогите и нивната компатибилност, законската регулатива и кривичната политика, како и борбата против трговијата со дрога по однос на граничната контрола и повеќеслојните пристапи.За утрешниот ден, пак, на пленарна тематска сесија експертите ќе разговараат околу криминалистичко-криминолошкото истражување и превенцијата од употребата на дроги во контекст на ширење на овој вид на криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

