Контакт

Скопје

Воведена електронска наплата во автобусите на ЈСП

Објавено пред

Проектотот за воведување Систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата  во автобусите на јавниот градски превоз претставен е во вторникот во Скопје.

dobivaj vesti na viber

 

 

На настаното присуствуваа скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие –Скопје (ЈСП), Игор Јанушев, и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

 

„Со воведувањето на овој револуционерен Системот за автоматска локација на возилата и електронска наплата Градот Скопје и неговите граѓани  ќе добијат побрз и поквалитетен градски превоз. Системот овозможува од контролен центар  да се следат автобусите  во реално време, дали се запазуваат пропишаните возни редови, односно за секој автобус ќе има една линија на која ќе се следи неговото движење,  како и да се добие реална слика за бројот на патниците по категории. Системот, исто така,  дава можност за воведување  нов тарифен систем и нови типови на билети, односно два типа на картички, преносливи и картички со фотографија“, рече Трајановски.

 

Во прво време системот ќе почне да функционира согласно со постојниот тарифен систем, но во иднина постепено ќе се премине на нов тарифен систем.

 

Системот за автоматска локација и електорнскиот систем за наплата ќе биде инсталиран во 500 автобуси,  од кои 380  автобуси на ЈСП- Скопје, а 120 на приватни превозници,  и граѓаните ќе можат еден билет да користат за возење во автобусите и на приватните превозници и на ЈСП.

 

На автобуските стојалишта ќе има над 50 информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу 2 места во Градот со користење на јавниот превоз.

 

„Средствата од продажбата на автоматските билети ќе ги добива Градот Скопје, а на превозниците Градот ќе им префрла средства по поминат километар. Имплементацијата ја врши конзорциумот од Македонски телеком, Маргенто од Словенија и ИКОМ од Бугарија. За реализација на овој проект Градот Скопје ќе издвои околу 3 милиони евра, а се очекува Системот пробно да почне да функционира во месец август во автобусите на ЈСП, а во приватните автобуси  од 1 јанури 2016 година. Се надеваме дека со воведувањето на овој современ систем ќе имаме целосна контрола на редот на возење на автобусите и на граѓаните ќе им овозможиме побрз и поквалитетен превоз“, рече Трајановски.

 

 

Директорот ЈСП  Јанушев, потенцираше  дека на граѓаните им се нудат два типа на картички: Скопска (пренослива картичка без фотографија) и Моја Скопска ( сопствена картичка со фотографија).

 

Тој истакна  дека граѓаните ќе можат овие картички да ги набават од осум центри: Бит-пазар, Центар, Порта Влае, Аеродром, Карпош 2 и дирекција на ЈСП (Шумарски факултет и Транспортен центар), ќе имаат на располагање 60 локации за дополнување на картичките, а ќе се постават и 3 самостојни автомати за дополнување на картичките.

 

Министерот за информатичко општество и администрација, Ивановски, изјави дека со воведувањето на оваа смарт картичка, која ќе содржи заштитен  чип кој ја прави безбедна за користење,  Градот Скопје  е чекор  поблиску да стандардите на паметен град како и светските метрополи. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Објавено пред

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;

– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет13 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион13 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија16 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет17 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија19 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија21 час

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија3 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија3 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...