Европа
Најголемата кинеска заедница во Италија се судри со полицијата
Жестоки судири избувнаа во продолжение на седмицава меѓу полицијата и локалната кинеска заедница во местото Прато близу Фиренца во централна Италија каде живее една од најголемите заедници во Кинези во Европа.
Тензиите растат во Прато, кој се смета за текстилна престолнина на Италија, каде што кинeските доселеници почнале да пристигнуваат кон средината на 1990-те. Околу 50.000 Кинези работата во оваа област во производството на облека и чанти со натписот „Made in Italy“.
Повеќето компании живеат од трудот на илегалните доселеници, занемарувајќи ги прописите за безбедност при работата и избегнувајќи го плаќањето на даноците. Оваа област е во центарот на истрагата за криумчарени околу 4,5 милијарди евра во Кина од Италија во периодот меѓу 2006 и 2010 година.
Безредијата започнаа во средата кога државните здравствени инспекции дошле во инспекција на фабрика, а тие се засилени по пожарот од 2013 година кога загинаа седум лица. Сопственикот на фабриката гневно реагирал на забелешките на инспекторите за кршењето на здравствените и безбедносните прописи, наведуваат полициските извори.
Кинеските работници тогаш се забарикадирале во фабриката, а стотици други се собрале пред неа гаѓајќи ги полицајците со камења и шишиња. Повредени се двајца Кинези и полицаец.
Покраинскиот челник Енрико Роси изјави во петокот дека за инцидентот разговарал со министерот за надворешни работи Паоло Џентилони. Роси ветил дека ќе се соочи со криминалот во оваа област во која е илегалната половина од целокупната економска активност и каде секоја година се затајуваат милијарда евра за даноци, а парите се перат преку меѓународни трансфери.
„Кинеската заедница мора да ги почитува законите и да се интегрира, ние не можеме да прифатиме ’слободни зони’. Ќе ги продолжиме инспекциите за да го исчистиме овој голем производствен систем“, ветил Роси.
Кинески функционери од Фиренца го посетија регионот во петокот и ја повикаа Италија законот да го спроведува „на цивилизиран начин“, а кинеската заедница во Италија ја повикаа „своите права и интереси да ги брани на законски и рационален начин“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

