Македонија
„Нова Македонија“ прославува 65 години од првиот број

„Нова Македонија“, првиот печатен весник на македонски јазик, одбележува 65 години од објавувањето на првиот број
„Нова Македонија“, првиот печатен весник на македонски јазик, одбележува 65 години од објавувањето на првиот број.Првиот дел од одбележувањето ќе се одржи в сабота во рамки на историски час со излет во Спомен куќата и музеј на првата партизанска печатница во село Горно Врановци, Велешко.
Според најавите, на настанот ќе бидат присутни новинарите и уредниците што ја втемелија, ја градеа и ја продолжуваат традицијата на првиот печатен весник на македонски јазик, студенти по новинарство од повеќе универзитети, како и претставници на локалната самоуправа./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека водат развојни политики за подобар стандард на граѓаните

Јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени, сега е 57,7 отсто од БДП, Владата предводена од ВМРО -ДПМНЕ продолжува со развојни политики со цел подобар стандард на граѓаните., велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По 7 години власт на СДС и ДУИ и лоши економски политики, слободниот пад во економијата е запрен, економијата се консолидира и заздравува. Економските развојни политики на владата вродуваат со плод. Се намали јавниот и државниот долг. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви Март, намален е јавниот и државен долг. Јавниот долг е 57,7% од бруто домашниот производ, а државниот долг е 50,1% од бруто домашниот производ. Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%. Овие податоци и индикатори се потврда за развојните политики што ги спроведува владата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветеноста на реализација на инвестиции кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст, со што на долг рок дополнително ќе се намали нивото на долгот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи домаќински и континуирано работи на привлекување странски инвестиции, отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните“, се вели во соопштението на партијата.
Македонија
Муцунски се сретна со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Фуџии

Во рамки на работната посета на Јапонија, делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии, соопшти МНРиНТ.
На средбата бил потенциран континуитетот на одличните билатерални односи и политичкиот дијалог, граден во изминатите 30 години, кои се темелат на заемна почит и пријателство меѓу двете држави и народи. Соговорниците се согласиле дека во претстојниот период акцентот ќе биде ставен на унапредување на билатералната и економската соработка.
Исто така, биле разменети мислења за продолжување на успешната мултилатерална соработка преку взаемна поддршка на иницијативи и координација во однос на регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес.
Македонија
Криминално трио ја ограби касата на казиното во Бутел, на двајца браќа им помогнал вработен

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле одземени 1.460.856 денари, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Скопје.
-Во предистражна постапка, по наредби на Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение спрема три лица како извршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 2 од Кривичниот законик, сторено на 11 април во казино во Бутел. Јавниот обвинител поведе истрага, бидејќи постои сомнение дека тројцата се дружиле за да извршат кражба и од казиното одзеле 1.460.856 денари, соопшти Јавното обвинителство.
Претходниот ден, како што наведува во соопштението, осомничените – двајца браќа на возраст од 20 и 22 години, како и 29-годишник вработен во казиното, седеле во кафе бар и се договориле како да ја извршат кражбата.
-Според договорот, на критичниот ден, осомничениот вработен во казиното им дал знак кога е погодно време за реализација на кражбата. Браќата дошле со автомобил пред казиното, при што едниот останал во возилото, а другиот маскиран насилно влегол во објектот, се упатил кај касата и првично му покажал пиштол на вработениот – осомничен како да му се заканува. Потоа пиштолот го оставил на пултот и заедно ја наполниле торбицата со парични средства од вкупниот промет од претходниот ден, со намера противправно да ги присвојат. Веднаш потоа двајцата браќа избегале од местото на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности и исполнетоста на законските основи, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост за двајца осомничени кои се лишени од слобода. Се предлага забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице во Судот, привремено одземање на патните исправи, забрана за посетување на казиното и забрана за приближување, воспоставување или одржување контакти со останатите осомничени.
За третиот осомничен кој е во бегство, како што велат од Обвинителството, предложено е определување мерка притвор која ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.