Контакт

Манифестации

Шербеџија: Одамна сакав да го снимам филмот „Ослободувањето на Скопје“

Објавено пред

Одамна сакав да го снимам филмот „Ослободувањето на Скопје“, изјави во недела на прес конференција режисерот Раде Шербеџија, а по повод македонската премиера на филмот со кој беше отворено  37. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

dobivaj vesti na viber

Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција, а финансиски е поддржан од Европскиот филмски фонд за копродукции „Еуроимаж“.„Неколку пати бевме одбиени од фондовите, тоа едноставно се случува, но конечно добивме „ветер во грб“ од Европскиот филмски фонд за копродукции „Еуроимаж“, при што го добивме најголемиот просек за сценариото и максималниот износ“, вели Шербеџија. Тој рече дека него пред сѐ го интересирала приказната за детето, неговата судбина и поврзаноста на сето тоа во актуелниот контекст кога сите сведочиме на илјадници детски судбини, кои во денешно време време се соочени со војни и уништувања. „Не е доволна причина некој да изрежира филм само затоа што сака да го оствари својот сон, основното прашање за филмскиот режисер е зошто го правиш тоа и каква порака сакаш да пренесеш. Иако, немам план да продолжам да режирам“, вели Шербеџија. Околу предизвикот на овој филм да соработува со татко му и сестра му, Данило Шербеџија рече дека и нивниот однос за сето време бил многу професионален без оглед на семејните врски. „Односот беше многу професионален, без оглед на семејсните врски татко-син, брат-сестра. Раде повеќе се концентрираше на работата со актерите, а јас со камерата. Повторно би работел со нив во иднина“, рече Данило Шербеџија. За потребите на филмот, актерите морале да научат германски јазик, посебно оние што немале никакво предзнаење, како Мико Ноусиаинен и Луција Шербеџија. Иако почнале бувкално „од нула“ тимот се согласи дека на крај сѐ испадна беспрекорно, а Шербеџија истакна дека актерот може да направи буквално сѐ.„Од моето искуство како актер, актерот може да направи буквално сѐ! “, рече Шербеџија. Што се однесува, пак, на улогата на малиот Зоран, кој ја играше 11-годишниот Давид Тодосовски, после деталниот кастинг Данило и Раде Шербеџија едногласно се согласиле дека тој е вистинскиот избор за филмот. Луција Шербеџија и Силвија Стојановска исто така истакнаа дека се сосем задоволни од актерскиот дел, посебно што Раде Шербеџија одвоил време да му обрне внимание на секој актер посебно. Публиката беше исто така задоволна од музичкито дел на филмот, па иако композиторите Томас Катерине и Влатко Стефановски од објективни причини не беа во можност да присуствуваат на прес конференцијата, околу нивната соработка Шербеџија објасни дека оваа соработка на двајцата композитори најпрво се случила принудно, бидејќи филмот е македонско – финска копродукција, па сепак, откако двајцата композитори взаемно се запознаеле со своите дела, пронашле многу компатибилен музички сензибилитет и оствариле одлична соработка. Продуцентот Горјан Тозија при крајот на конференцијата рече дека е задоволен што конечно му се укажала можност да работи на филм во земјата каде што е роден. „Јас сум многу задоволен бидејќи после долги години, ми беше дозволено да работам на филм во земјата каде што сум роден. Јас прво конкурирав со моето име и презиме на Фондот, со исто сценарио, ист буџет и  истите параметри, но фондот ме одби. Да не се лажеме, овој филм ги има истите параметри како што филмовите вообичаено ги имаат. Да не беше Раде толку близок со министерката за култура и со бившиот премиер, филмот немаше да се случи и тоа е вистината. Филмските работници, филмот и сите уметници и  припаѓаат на слободата,  демократијата и вистината и затоа сакам да ги кажувам вистините без оглед на тоа колку не му се допаѓаат некому“, рече Тозија. Раде Шербеџија, пак, реплицираше дека без оглед на политичките предзнаци уметниците мора да работат и во прилог на општеството е да се најде начин различностите да се надминуваат. „Јас сум им навистина благодарен на луѓето кои што се задолжени да уптравуваат со  средствата за филмот и да дадат поддршка, како и Министерството за култура и Владата на Македонија . Секогаш ќе постојат односите помеѓу уметникот и мецената кој ја потпомага неговата уметност, а  вистинскиот мецена мора да го препозне вистинскиот уметник. Но и во суштината на секој уметник исто така е правејќи ја својата уметност да биде на некој начин дисидент. Без оглед на политичките предзнаци, ние мораме да работиме. Она што сакам да го кажам е дека е голема работа луѓето кои се политичари да сфатат  дека од повисок општествен интерес, каков што е културата, е да се надминат  различностите“, заклучи Шербеџија. Младиот Зоран Тодосовски раскажуваше како бил избран од 1500 деца за главната улога и дека повтоно би сакал да игра на филм. Во компетенција за наградата „Златна камера 300“ вечерва ќе се прикаже романскиот филм „Дипломирање“, по режија и сценарио на Кристијан Мунгиу, а кинематографер кој соработува со ова големо име во романската филмска индустрија е младиот Тудор Владимир Пандуру. Токму Пандуру беше гостин на денешната прес конференција на која се најави претстојната проекција на филмот „Дипломирање“, а директорот на фестивалот Благоја Куновски заедно со младиот кинематографер зборуваше за романската кинематографија, како и за синоќешното отворање на фестивалот „Браќа Манаки. “„Драго ми е дека успеавме да направиме една  богата и добра програма и во тоа ќе се уверувате од ден во ден. Ценам сечие мислење, но според мене мислам дека имавме извонреден почеток,  достоен на реномето на фестивалот. Уште еднаш ќе потенцирам дека сѐ додека сум во позиција да решавам, наши ѕвезди на фестивалот, кога веќе се користи тој „star system“, за мене се кинематограферите. Почит за сите други, но Холивуд некако го наметна тоа дека ѕвезди се убавите жени. Овој фестивал е горд дека е првиот и најстариот на свет посветен на креативноста на најважниот уметник во создавањето на едно филмско дело. Роби Милер и Џон Сил се ѕвезди на нашиот фестивал и сите други кинематографери , претставници и на помладата генерација“, рече Благоја Куновски. Пандуру истакна дека му е голема чест што соработувал со такво големо име од романската кинематографија како Кристијан Мунгиу, а и дека отворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ му оставило голем впечаток. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија3 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија3 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија4 часа

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија5 часа

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет5 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија9 часа

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа10 часа

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет11 часа

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа11 часа

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија12 часа

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...

Европа13 часа

(Видео) Нов масовен напад: руски беспилотни летала го бомбардираат украинскиот град Суми

Руски беспилотни летала го нападнаа северниот украински град Суми доцна синоќа, што е втор голем напад врз градот за 24...

Свет13 часа

Трамп му се заканува на Мексико со царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека неправедно се однесува кон американските земјоделци и се закани дека ќе воведе...

Свет1 ден

(Видео) Заврши средбата на Зеленски со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“

По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел...

Македонија1 ден

Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар. „Интензивно се работи на...

Македонија1 ден

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Ја следиме трагата на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е...

Свет1 ден

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот...

Македонија1 ден

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста...