Свет
Ирански воени бродови во Суецкиот канал

Два ирански воени брода денеска влегоа во Суецкиот канал и пловат кон Средоземното море, потврдија претставници што раководат со каналот по египетски суверенитет, а станува збор за чекор кој дополнително може да го загрижи Израел и да ја засили напнатоста на Блискиот исток, пренесуваат агенциите.„Бродовите влегоа во каналот во 5:45 часот по локално време“, изјавиле официјални претставници за Ројтерс. Засега не се познати други детали.Станува збор за први воени бродови во Суецкиот канал од Исламската револуција во Иран во 1979 година.Египетската војска, која управува со земјата од падот на претседателот Хосни Мубарак на 11 февруари, го одобри иранското барање за минување на иранските бродови, чијашто дестинација е Сирија. Ирански дипломатски извори рекле дека посетата на двата брода на Сирија ќе биде рутинска и краткотрајна, пренесува АФП.Според иранската новинска агенција Фарс, станува збор за бродот Карг, кој има екипаж од 250 лица и може да носи три хеликоптери и за фрегатата Алванд вооружена со торпеда и со противбродски проектили.За преодната египетска власт, Иранското барање претставуваше многу чувствително прашање бидејќи Каиро е сојузник на САД, Египет има мировен договор со Израел, а неговите односи си Иран од револуцијата во 1979 година беа затегнати.Аналитичарите оценуваат дека во однос на Мубарак, повеќето главни египетски политички сили би биле помалку помирливи кон Израел и неговиот сојузник САД, иако се уште никој отворено не заземал став дека е за отфрлање на израелско-египетскиот мировен договор.Суецкиот канал е дел од меѓународните води, а под суверенитет на Египет. Египет е врзан и со договорот од Камп Дејвид од 1976 година, кој го гарантира правото на слободно минување на бродовите кои му припаѓаат на Израел во сите други земји, врз основа на Конвенцијата од Константинопол од 1888 година./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.
Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.