Македонија
Фатени 105 килограми марихуана, уапсени две лица
Пресечен е меѓународен канал со марихуана од Р.Албанија преку Р.Македонија во земјите на Западна Европа, при што се уапсени две лица, а запленети се околу 105 килограми марихуана, соопштија денеска од МВР.
Пресечен е меѓународен канал со марихуана од Р.Албанија преку Р.Македонија во земјите на Западна Европа, при што се уапсени две лица, а запленети се околу 105 килограми марихуана, соопштија денеска од МВР.„Одделот за недозволена трговија со дрога при Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, подолго време работеше на прибирање на сознанија во врска со криминална група од Македонија, која се занимавала со организирање на транспорт на поголеми количини на марихуана од Албанија преку Македонија за нарко пазарот во земјите на Западна Европа“, рече портпаролот на МВР, Иво Котевски.Марихуаната била пренесувана во ПМВ„Волво В-40“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од лице од с.Селце, тетовско и совозач од с.Стримница, општина Желино. При преглед на возилото во багажниот простор спакувани во торби пронајдени се 99 пакувања облепени со кафена селотејп лента во кои имало наркотична дрога марихуана, со вкупна бруто тежина од 104 кг. и 980 грама, информираат од МВР.Одземените пакувања се предадени во Одделот за криминалистичка техника на МВР. „Од првичните анализи утврдено е дека станува збор за квалитетна марихуана чија цена на западноевропските пазари изнесува околу 400.000 евра“, додаде Котевски.Во извршените разговори осомничените посочиле дека марихуаната ја подигнале во близина хотелот Еуротел во Струга и дека најверојатно нивните албански партнери ја внеле преку езерото.До Основно Јавно обвинителство Прилеп ќе биде поднесена кривична пријава против осомничените и истите ќе бидат изведени пред истражен судија./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи“, велат од СДСМ
„Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…“, велат од СДСМ.
„Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработка на визи за македонските државјани.
Толку е периметарот на Мицкоски, ја доведе Македонија во ранг со Сомалија“, соопшти СДСМ.
Македонија
Фактот што Македонија е ставена на иста листа со Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал, смета Македонски концепт
Губењето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува сериозна и потенцијално смртоносна закана за безбедноста, стабилноста и иднината на Република Македонија и македонскиот народ. За мала држава во чувствителен геополитички регион, ваквото нарушување на односите со клучниот стратешки сојузник значи институционална изолација, економска несигурност и директно слабеење на националната безбедност, велат од Македонски концепт.
Според нив, фактот што Македонија е ставена на иста листа со држави како Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал.
„Тоа не е случајност, туку последица на долгогодишна толеранција, па дури и институционална пасивност кон два опасни феномени: растечкиот верски радикализам на македонска територија и широко распространетото прокомунистичко и антизападно однесување и наратив во јавниот простор“, велат од Македонски концепт.
Од таму велат дека овие појави се директно спротивни на вредностите на НАТО, на западната цивилизација и на принципите врз кои се темели стратешкото партнерство со САД.
„Потребни се итни, проактивни и недвосмислени државни мерки, без калкулации и без идеолошки страв: забрана на носење бурки и верски манифестации во сите јавни институции, во име на безбедноста, секуларноста и јавниот ред; донесување посебен закон за спречување и санкционирање на верскиот радикализам и донесување закон за забрана на комунистичката идеологија, нејзините симболи и тоталитарното наследство, како идеологија која историски и суштински е спротивна на слободата, демократијата и западниот вредносен систем“, се наведува во соопштението.
Паралелно со внатрешните реформи, велат од Македонски концепт, Република Македонија мора да упати формален и аргументиран приговор до Соединетите Американски Држави за штетите предизвикани со ставањето на земјата на ваква листа.
„Како полноправна членка на НАТО, Македонија има право да се повика на Договорот за стратешко партнерство, со јасно барање истиот да се почитува и земјата веднаш да биде отстранета од таа листа. Македонија мора да избере, или ќе биде јасен и вредносно усогласен сојузник на САД, или ќе продолжи да тоне во сива зона на радикализам, идеолошки анахронизам и меѓународна недоверба. Среден пат, нема“, велат од Македонски концепт.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово кадешто се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 Kрушево Претор, Куманово, 0 Крива Паланка, Виница.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 25 сантиметри на Попова Шапка, 10 сантиметри во Маврови Анови и Крушево.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

