Македонија
Нови лаборатории за техничко образование низ основните училишта
Најсовремена лабораторија за техничко образование на 21 век беше промовирана денеска во ОУ „Димитар Миладинов“ во општина Центар.
Најсовремена лабораторија за техничко образование на 21 век беше промовирана денеска во ОУ „Димитар Миладинов“ во општина Центар.
Техничката лабораторија e една од деветте лаборатории кои се дел од проектот на УСАИД за основно образование (ПЕП), реализиран во соработка со министерството за образование и наука и општинските власти.
Проектот има за цел да го зголеми квалитетот на наставата и да ги подобри вештините на учениците, како и да помогне во процесот на децентрализација.
Во проектот е вклучено целосно опремување на техничките лаборатории со учебници, роботи, најсовремени алатки и техничка опрема, како и пристап до потребните компјутерски програми за успешно спроведување на наставата.
Овој проект е насочен кон создавањето на подобри средини за учење, развивање како на техничките, така и на претприемничките, комуникациските и тимските способности на учениците, изјавија претставници на УСАИД.
Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ истакна дека отсега учениците своето техничко образование ќе го добиваат преку практична настава, што ќе го зголеми нивниот интерес. Тој изрази надеж дека во иднина сите основни училишта во општина Центар ќе бидат опремени со вакви лаборатории.
Државниот секретар во Министерството за образование и наука Елизабета Тодоровска изјави дека како втора фаза на проектот се планира изградба на уште 30 технички лаборатории во сите средни технички училишта и во дел од основните училишта низ Македонија.
Преку овој проект технички лаборатории засега добија девет основни училишта од Скопје, Кочани, Велес, Гостивар и Битола, а во наредниот период сите останати училишта ќе можат да аплицираат за да бидат дел од втората фаза./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

