Македонија
Болниците добија 2.000 нови душеци
Нови 2.000 болнички душеци ќе добијат скопските клиники „Мајка Тереза“, како и во повеќето клинички и општи болници низ Македонија.
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ги пречека душеците во кругот на државна болница, душеци вредни 12 милиони денари, што ги набави Министерството за здравство.
„Набавката ќе ги покрие речиси сите искористливи легла на клиниките. Со неа ќе се постави нов стандард кој во иднина, верувам, ќе се одржува“, рече Тодоров.
Душеците се од полиуретанска пена, антибактериски се, воодоотпорни и лесно се перат.
Флексибилни се и се прилагодуваат на телото на пациентот.
Душеците во македонските болници не се сменети повеќе од 20 години, а како што рече Тодоров, поголема набавка имало во периодот 1991/1992 година, но некои од душеците се многу постари со исклучок на донираните од општество одговорните компании и поединци.
„Душеците се користат постојано, 24 часа, во секоја здравствена установа и се еден од посуштествените елементи при перцепцијата на пациентот за здравствениот систем. Наша обврска, како здравствена власт, е да обезбедиме што е можно подобар третман и услови за пациентите“, рече Тодоров.
Според него, ќе се набават и нови кревети за Детската клиника, а соодветно на нив и помали душеци, за деца./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Исчистен сметот од улиците „Рузвелтова“, „Павел Шатев“, и зад Соборниот храм
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Службите на Општина Центар, утрово го исчистија сметот од улиците „Франклин Рузвелт“, „Павел Шатев“ (Бихаќка) и зад Соборниот храм кои се под надлежност на Град Скопје.
„Ова утро, го исчистивме сметот од улиците „Франклин Рузвелт“ и „Павел Шатев“ (Бихаќка) кои се под надлежност на Град Скопје. Со камион на Општината се собра целото ѓубре коешто беше оставено да стои. Апелирам до Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска викендов да го соберат сметот од улиците на Центар кадешто имаат надлежност, да не се повтори глетката како од минатиот викенд. Мораме да ја одржуваме хигиената во општината на највисоко ниво, здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина се најважни. Центар не чека, Центар чисти“, вели Герасимовски.
Општина Центар, изминатава недела почна голема акција за чистење на сметот низ улиците во Центар, откако Град Скопје потфрли.
Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.
Македонија
МОН може да посредува, но нема ингеренции, вели Јаневска за барањето на студентите да им се покријат дополнителните трошоци
Министерството за образование и наука (МОН) е тука за да посредува, но нема ингеренции, вели министерката Весна Јаневска во врска со барањето на студентите од УКИМ средба со неа, поради дополнителните трошоци.
Јаневска рече дека МОН со студентската организација има континуирана соработка и постојани средби, а ако тоа не е таа, тогаш се секторите и службите од Министерството.
„Веќе сме информирани за тоа што студентите го бараат. Секако дека постои можност да дојдеме до договор. Сметам дека факултетите, но и студентите, ќе имаат разбирање за целокупната ситуација. Верувам дека факултетите како и секогаш ќе им излезат во пресрет на студентите. Министерството е тука да посредува, како што и секогаш тоа го правело, затоа што овде МОН нема ингеренции. Но, обврска наша е да помагаме и на едните и другите, сепак за развој на образованието и науката“, рече Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање.
Претходно, Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС-УКИМ) истакна дека воведувањето дополнителни трошоци за материјални и онлајн ресурси на некои факултети не треба да бидат на товар на студентите. Во соопштение на УСС се наведува дека ќе се бара итен состанок со министерката за образование и наука Весна Јаневска, „со цел во најбрз можен рок дополнителните трошоци да бидат надоместени од државниот буџет, како што е предвидено согласно Законот“.
Македонија
Јаневска: Концепцијата може да претрпи промена, задоволна сум што предизвика бурни дискусии и предлози
Можеби звучи контрадикторно, но јас сум многу задоволна што новата концепција предизвика такви бурни дискусии, разговори, предлози. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана од новинарите дали следниот предвиден чекор за концепцијата за гимназиско образование е пролонгирање, особено по реакциите од иститути и катедри од Филозофскиот факултет.
„Секако дека може да се продолжи. Ние мошне сериозно ги сфаќаме сите изјави дадени од сите факултети, иако главно станува збор за Филозофскиот факултет“, рече Јаневска.
Министерката повтори дека станува збор за нацрт-концепција која може да претрпи промени.
„Продолживаме и понамау, малку ќе се придвижиме и на терен, и секако дека ќе работиме и понатаму на подобрување на концепцијата, иако со големо задоволство кажувам дека за разлика на дел од стручната јавност, веќе добиваме силна поддршка од младите“, рече Јаневска.
Претходно, дел од гимназиските професори преку отворено писмо се спротивставија на новата Концепција, коментирајќи дека со отстранувањето на философијата во македонското образование, не само што се отсекуваме од основите на европската цивилизација и мисла туку стануваме периферија која самостојно избрала да се апстрахира и од современите текови. Министерката по писмото одговори дека не е точно оти предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование, туку се работи за драфт верзија поставена на јавна расправа. Јаневска тогаш објасни дека во моментов се прибираат сугестии, забелешки, предлози и откако ќе заврши јавната расправа ќе биде донесен конечниот заклучок.