Спорт
Викендов ќе се вози трката во Сингапур, метеоролозите најавија дожд
Викендов на патеката „Марина Беј“ ќе се вози петнаесеттата трка во шампионатот на Формула 1, Големата награда на Сингапур.
Викендов на патеката „Марина Беј“ ќе се вози петнаесеттата трка во шампионатот на Формула 1, Големата награда на Сингапур.
Временската прогноза за трите дена не е охрабрувачка за пилотите и тимовите, метеоролозите за Гран при викендот најавуваат врнежи од дожд.
Трката за Големата награда на Сингапур е единствената ноќна трка во Ф1 шампионатот, ноќта и дождот можат да им направат големи проблеми на пилотите.
„Секогаш е предизвик да се вози по влажна патека, кога на тоа ќе ја придодадете и ноќта тогаш се чини дека се ќе биде потешко. Како и да е мораме да бидеме подготвени на се“, вели пилотот на Ферари, Фелипе Маса.
Големата награда на Сингапур викендов ќе се вози по трет пат, во 2008 на премиерата, контроверзна победа забележа Фернандо Алонсо тогаш пилот на Рено, лани до првото место стигна Луис Хамилтон, возачот на Мекларен. крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид
Тенисерката број еден во светот Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Таа во финалето ја победи Арина Сабаленка во три сета. За Швјонтек ова е 20-та титула во кариерата, а прва во Мадрид.
Резултатот по три часа и 14 минути борба беше 5:7, 6:4, 7:6 (9:7).
Спектакуларниот меч на двете најдобри во светот, кулминација доживеа во тај-брејкот во третиот сет кој Швјонтек го доби со 9:7.
Спорт
(Видео) Барди погоди од слободен удар
Енис Барди постигна гол за Трабзон, но неговиот клуб доживеа пораз од Самсин 3:1.
Капитенот на македонската репрезентација, во 32.минута погоди од слободен удар, ја намали предноста на 2:1, но само четири минути подцна Фернандес со авто-гол го постави конечниот резултат.
На три кола до крајот на сезоната, Трабзон се наоѓа на третото место со 58 бода, четири повеќе од Бешикташ. Доколку остане на третото место, Трабзон наредната сезона ќе се натпреварува во Лига Европа.
👌🏻👌🏻👌🏻 Trabzonspor 🔥Enis Bardhi pic.twitter.com/hnuPvPkxks
— 61post (@61post) May 4, 2024
Спорт
Тежок пораз на МЗТ од Спартак во Суботица
Македонскиот шампион МЗТ Скопје и наредната сезона ќе се натпреварува во Втората АБА лига. МЗТ, вечерва доѓивеа убедлив пораз на гостувањето кај најдобриот тим во регуларниот дел од сеозната, Спартак Суботица.
МЗТ имаше мали шанси да го изненади фаворизираниот противник, кој во Скопје победи со пет поени разлика. Но ниту најголемите песимисти не очекуваа дека македонскиот шампион ќе доживее тежок пораз.
Спартак сите дилеми, ако воопшто и ги имаше, ги реши во првото полувреме. Екипата од Суботица реализираше 80 отсто од шутевите за три поени во првиот дел (8/10) и на пауза замина со резултат 57:32.
Вториот дел беше само одработување на започнатото за Спартак кој славеше со 98:64.
Спартак за место во АБА лигата ќе се бори со Војводина.