Контакт

Филм

„Шекспирова 9/1“ освои награда за најдобар филм на Фестивалот КРАФ во Крагуевац

Објавено пред

Краткиот игран филм „Шекспирова 9/1“ во режија на Владимир Митревски, студент на Факултетот за драмски уметности од Скопје, освои две награди на осмото издание на фестивалот КРАФ во Крагуевац, Србија.
 

dobivaj vesti na viber

Краткиот игран филм „Шекспирова 9/1“ во режија на Владимир Митревски, студент на Факултетот за драмски уметности од Скопје, освои две награди на осмото издание на фестивалот КРАФ во Крагуевац, Србија.

 

Филмот ја освои првата награда од жирито на фестивалот за најдобар студентски филм и признание од публиката за најдобар филм. 

„Актуелната животна приказна од македонското секојдневие која може да се преслика на сите простори на бившата СФРЈ, драматуршки и режисерски е стилизирана на бравурозен начин“, се зборовите на жирито за ова остварување на Владимир Митревски. 

КРАФ (Крагуевски фестивал на антивоен и ангажиран филм) е единствениот автохтон филмски фестивал во Крагуевац, кој оваа година тематски беше посветен на студентскиот филм. Селекцијата на осмото издание на КРАФ ја отсликува актуелната продукција на филмските школи на просторите на бивша Југославија и авторскиот ракопис на студентите во продукциски услови во кои овие филмови се настанати. 

„Академскиот КРАФ“ за прв пат беше со натпреварувачки карактер и учество земаа 22 студенти од државните филмски академии од целиот регион. Посетителите имаа прилика да погледнат 30 филмски остварувања и тоа авторски дела од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, како и ревијални филмови од Хрватска. 

Втората награда од жирито ја делат филмовите „Странци“ во режија на Вид Хајншек, а продукција на Академијата за театар, радио, филм и телевизија од Љубљана, и „Татко“ во режија на Недим Каралиќ, а продукција на Филмската академија од Сараево. Третата награда ја доби филмот „Бабичката сака дома“ на младата режисерка Бојана Старчевиќ, а во продукција на Академијата за уметност од Нови Сад. 

Жирито на фестивалот беше во состав: Милан Никодијевиќ, професор по продукција на академијата во Нови Сад, основач на еден од најстарите филмски фестивали во Србија (Фестивал за филмско сценарио во Врњачка бања) и познат документарист; Дејан Дабиќ, уредник на филмската програма во Културниот Центар во Ниш и филмски критичар и Хаџи Зоран Ѓорѓевиќ, филмски критичар од Крагуевац. 

„Шекспирова 9/1“ е испит од трета година на Владимир Митревски, студент на Филмска и ТВ режија во класата на проф. Столе Попов на Факултетот за драмски уметности во Скопје. 

Главните улоги во филмот ги играат Димитрија Доксевски и Кристина Леловац. Остатокот од кастот го сочинуваат: Николај Доневски, Лазар Манасковски, Виолета Шаповска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Владимир Петровиќ, Симон Манасковски и Жаклина Петровска. Директор на фотографија на „Шексписова 9/1“ е Дејан Димески, сценаристи се Димитрија Доксевски и Владимир Митревски, а додека продуценти се Лазар Секуловски, Горан Трпчевски и Дејан Крајчевски. Филмот е во продуција на Факултетот за драмски уметности и Круг Филм, а финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

 

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Култура

„Бруталистот“ и „Емилија Перез“ доминираа на Златните глобуси – над 10 милиони луѓе го следеа емитувањето

Објавено пред

Овогодинешната церемонија на доделување на Златните глобуси привлече повеќе од 10 милиони гледачи на телевизиските екрани, што е благ пораст на гледаноста во споредба со претходната година, изјавија во понеделникот продуцентите на настанот, на кој доминираа филмовите Бруталист и Емилија Перез во однос на наградите.

dobivaj vesti na viber

Зголемувањето на гледаноста на неделната гала во последниве години покажува благ нагорен тренд кога станува збор за интересот за слични настани, бидејќи Холивуд се обидува да се оддалечи од влијанието на штрајковите и пандемијата, а наградите Глобус постепено се опоравуваат од сопствените контроверзи и скандали.

Просечната бројка од 10,1 милиони гледачи кои го гледале шоуто е зголемување од 7 отсто во споредба со галата во 2024 година и значителен скок од едвај шест милиони гледачи една година порано.

Златните глобуси, холивудски филмски и телевизиски награди, кое некогаш беше второ по популарност по Оскарите, беше во криза во последниве години. Во 2022 година, гала настанот не се ни емитуваше. Поранешната телевизија Ен-Би-Си ја донесе ваквата одлука затоа што нејзиното раководство беше огорчено од недостатокот на различност и етички пропусти на групата новинари кои претходно ги организираа наградите.

Церемонијата на доделување на престижните награди беше повторно лансирана минатата година под нов приватен сопственик, а беше емитувана на „Си-Би-Ес“ во неделата навечер. Исто така, вреди да се напомене дека наградите им беа доделени на холивудските ѕвезди од А-листата во блескавата сала за бал во Беверли Хилс. На овогодинешните награди доминираа мјузиклот Емилија Перез и епската имигрантска драма Бруталист.

Мексиканскиот филм Емилија Перез на францускиот режисер Жак Аудиар освои четири награди, вклучително и за најдобра комедија или мјузикл, додека „Бруталистот“ беше прогласен за најдобра драма, а наградата за најдобар актер му припадна на главниот лик на филмот Адриен Броди, кој го игра архитектот Ласло Тот, Евреин којшто го преживеал холокауст.

Прикажи повеќе...

Култура

„Бруталистот“ ги воодушеви гледачите и критичарите: „Ремек-дело, ќе размислувате за филмот“

Објавено пред

На 82. доделување на наградата Златен глобус, големиот победник беше Бруталистот (The Brutalist).

dobivaj vesti na viber

Филмот освои три награди, вклучувајќи за најдобар филм, најдобар режисер (Брејди Корбет) и најдобар актер во драма (Адриен Броди).

Епската историска драма беше премиерно прикажана на филмскиот фестивал во Венеција, каде што беше проследен со 12-минутни овации. Корбет беше награден со Сребрен лав за најдобар режисер на фестивалот.

Драмата која трае повеќе од три часа го следи архитектот визионер Ласло Тот (Броди) и неговата сопруга Ерзебет (Џонс).

Тот е Унгарец со еврејско потекло кој успеал да го преживее Холокаустот, а по Втората светска војна се преселил во САД со неговата сопруга Ерзебет (Фелисити Џонс). Иако на почетокот страда од сиромаштија, неговиот живот се менува откако ќе запознае богат индустријалец…

Режисерот Корбет претходно изјави дека дебатата за должината на филмот била прилично глупава.

„Овој филм прави сè што ни беше кажано да не правиме. Мислам дека всушност е прилично глупаво да се зборува за должината бидејќи тоа е како да критикувате книга бидејќи има 700 страници наместо 100“, рече режисерот за време на прес-конференција.

„Бруталистот“ моментално има 93% на „Ротен Томатос“ врз основа на 170 критики од критичарите. Има оцена 8,1 на ИМДБ.

„Невозможно е да не се препознае ‘Бруталист’ како ништо друго освен филмски триумф“, напиша критичарот Том Дејвидсон.

„Ремек дело кое ќе ве воодушеви. Ќе размислувате за ова дело”, додал критичарот Даг Џејмисон.

„Бруталист ви дозволува да почувствувате како нечиј живот поминува пред вашите очи“

Филмскиот критичар на Ролинг Стоун, Дејвид Фер, напиша за филмот: „Не е само тоа што веќе не снимаат вакви филмови – се разбира дека не прават. Тоа е што малку луѓе деновиве се мачат да раскажуваат толку опсежни приказни со ова ниво на раскажување приказни кое бара вештина, храброст и енергија“.

Драмата беше позитивно оценета и од критичарот на Варајати, Овен Глајберман, кој напиша: „Јасно е дека Корбет го направи овој филм со намера да има големо значење. Дали тој навистина ќе го постигне тоа е во окото на гледачот. Бруталист ви дозволува да почувствувате како нечиј живот поминува пред вашите очи. Можеби тоа е доволно значење.

Друга позитивна рецензија беше напишана од Бен Крол од TheWrap: „Земено како целина, Бруталист истовремено тагува и ги слави американските амбиции – амбициите на имигрантската класа која бара нов живот без гаранции за успех, како и амбициите на режисерот кој го исполнува платното со животни опсесии“.

Посебни пофалби за својата изведба доби Адриен Броди.

Некои критичари особено го пофалија Адриен Броди, кој веќе импресионираше многумина со неговата изведба во потресната воена драма „Пијанист“ од 2002 година.

„Броди внесува огромна тежина на ликот, но и болка што го нагризува гордото чувство за идентитет, цел и судбина на Ласло. Тоа е монументална изведба; гледањето на овој архитект третиран како ѓубре е едноставно поразително“, напиша критичарот Дејвид Руни од Холивуд рипортер.

Се чини дека филмот не им се допадна само на критичарите. Гледачите веќе напишаа дека „Бруталист“ ќе биде еден од најдобрите филмови на годината.

„Никогаш не сум сакал да гледам филм толку брзо откако го видов трејлерот како што направив со овој. Дефинитивно мора да се види“. „Го видов филмот и верувајте ми, вреди. Дефинитивно најдобриот филм на годината“, се дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Судот ја одби гаранцијата од еден милион евра на бизнисменот Асмир Јахоски, осомничен за перење пари, во замена да биде пуштен...

Македонија6 часа

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија7 часа

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија9 часа

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет9 часа

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ9 часа

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој Пресека: неколкумина повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...

Европа10 часа

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројници

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...

Македонија11 часа

ДУИ: Институциите го деградираат користењето на албанскиот јазик на ниво пред усвојувањето на Законот за јазиците

„ДУИ изразува длабока загриженост поради систематското непочитување на албанскиот јазик на официјалните веб-страници на министерствата на Владата на Република Северна...

Свет12 часа

(Фото/Видео) Најпознатите градби во светот блескаат за папата Франциско

Откако вчера беше објавена веста за смртта на папата Франциско, бројни светски метрополи и верски заедници му оддадоа почит со...

Свет13 часа

„Харвард“ ја тужи администрацијата на Трамп поради замрзнување на финансирањето

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да го спречи замрзнувањето на повеќе од 2 милијарди...

Македонија14 часа

На Табановце и на Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа21 час

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет21 час

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет21 час

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа21 час

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа22 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа1 ден

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија1 ден

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа1 ден

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...