Свет
Путин го обвини Ходорковски за убиства
Рускиот премиер во понеделник го обвини поранешниот сопственик на нафтениот гигант „Јукос“, кој е в затвор, дека наредувал убиства за заштита на своите финансиски интереси
„Тој има крв на рацете. Убил луѓе за заштитана економските интереси на својата компанија“, изјавил рускито премиер Владимир Путин пред странските новинари на годинешниот состанок на членовите на Клубот Валдај како и секоја година ги собира меѓународните стручњаци од разни области, а оваа година форумот се одржува во црноморското летувалиште Сочи, пренесува AFP.Михаил Ходорковски, поранешен сопственик на нафтената компанија „Јукос“ и еден од најбогатите луѓе во Русија, треба повторно да биде изведен пред судот под обвинение за отуѓување и нелегална продажба на нафта,Ходорковски и неговиот соработник прв човек на компанијата „Ментеп“, Платон Лебедев веќе се осудени на долгогодишни затворски казни заради проневери. Двајцата во 2005 г. беа осудени на осум години затвор заради голема измама. Нивните поддржувачи ова судење го нарекоа политичка пресметка против премногу независен деловен човек кој најавуваше политички амбиции поддржувајќи ја опозицијата на Кремљ. Руската новинска агенција РИА Новости, го цитира полскиот новинар Адам Михник кој по средбата со Путин го цитирал велејќи дека рускиот премиер одговорил дека за поранешниот прв човек на „Јукос“, ќе биде одлучено во судот,.„На овој овек му се суди. Нема да се мешаме, но овој човек има крв на своите раце“, ги цитира зборовите на Путин, полскиот новинар по средбата со него.Според впечатоците на Михник, Путин, говорејќи за „случајот Ходорковски“ покажал „лични емоции“.„На другите прашања рускиот премиер одговараше со смирен тон, се шегуваше, но тука неговата интонација се промени“, вели полскиот новинар. Аферата „Јукос“ е една од најголемите во Русија последната деценија. Руските власти ги обвинија директорите на во тоа време најголемата нафтена компанија во земјата за голем број финансиски малверзации. Михаил Ходорковски беше уапсен во 2003 г. под обвинение дека „испрал“ 18 милијарди евра. Подоцна „Јукос“ поднесе барање а отворање стечај а нејзините средства ги презема државната компанија „Роснефт“. На запад повеќето медиуми тврдат дека оваа афера е политички мотивирана, додека руските власти го негираат тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Доколку западните земји го зајакнат своето воено присуство во Гренланд, Русија ќе преземе „контрамерки“
Русија подготвува „контрамерки“, вклучително и оние од „воена природа“, доколку западните земји го зајакнат своето воено присуство во Гренланд, предупреди во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Неколку европски земји неодамна распоредија помали воени контингенти во Гренланд, автономна територија под дански суверенитет, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно почна да ја посетува, повикувајќи на американско преземање.
„Секако, во случај на милитаризација на Гренланд и создавање воени капацитети насочени против Русија, ќе преземеме соодветни контрамерки, вклучително и оние од воено-техничка природа“, рече Лавров за време на обраќањето пред рускиот парламент.
Откако се врати во Белата куќа пред една година, Доналд Трамп постојано ја повторуваше својата желба да ја преземе контролата врз Гренланд, оправдувајќи ја со безбедносни причини и заканите што ги претставуваат Русија и Кина во тој регион, според него, потсетуваат медиумите.
Сепак, во јануари на Светскиот економски форум во Давос, тој ја омекна својата реторика, тврдејќи дека се договорил со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за „рамка“ за преговори што ќе им овозможи на САД да имаат поголемо влијание на таа арктичка територија.
Конкретните детали од тој договор сè уште не се познати. Данска и Гренланд досега решително ја отфрлија секоја можност за пренос на суверенитетот, нагласувајќи дека територијата не е на продажба.
„САД, Данска и Гренланд мора да го решат ова прашање меѓу себе“, рече Лавров, обвинувајќи го Копенхаген дека ги третира 57.000 жители на Гренланд како „граѓани од втор ред“.
На почетокот на февруари, НАТО започна со планирање на мисија насочена кон зајакнување на безбедноста на Арктикот.
Регион
Рутe: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Алијансата внимателно ја следи ситуацијата на Западен Балкан.
Тој го изјави ова на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, пред утрешниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, одговарајќи на прашање за тоа како ја гледа моменталната безбедносна состојба на Балканот.
„Сакам да нагласам дека внимателно ја следиме ситуацијата и дека преку КФОР и нашите други активности на Западен Балкан, во Босна и Херцеговина, но и на Косово, сме многу ангажирани и будно го следиме развојот на настаните“, рече Руте, пренесува Танјуг.
Зборувајќи за ситуацијата во Косово, тој изјави дека НАТО сè уште чека одговорност за настаните во Бањска, како и за други настани во текот на 2023 година.
Тој додаде дека НАТО никогаш нема да прифати безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина и посочи дека тие внимателно ги следат настаните и таму.
Свет
Италија и Полска нема да се приклучат кон Oдборот за мир на Трамп
Италија и Полска објавија дека нема да се приклучат на новиот „Одбор за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп, иницијатива која беше замислена како инструмент за прекин на огнот во Појасот Газа, но која Трамп сака да ја прошири на глобално ниво.
Повеќе западни земји се воздржани поради поканата до Русија и Белорусија, стравувајќи дека Одборот би можел да стане паралелен механизам на Обединетите нации.
Полскиот премиер Доналд Туск рече дека земјата нема да се приклучи „во овие околности“, но ја остава можноста отворена за понатамошна анализа.
Италија, пак, има „уставна пречка“ за влез во вакви структури кои не обезбедуваат еднакви услови за сите членки, објасни шефот на дипломатијата Антонио Тајани. Премиерката Џорџа Мелони претходно побарала од Трамп да ги смени правилата за да може Италија да се приклучи.

