Економија
Гаспром подготвен да ја снабдува Македонија со гас
Република Македонија најверојатно ќе се приклучи кон меѓународниот гасовод Јужен тек, преку кој ќе се снабдува со гас од рускиот енергетски гигант Гаспром.
Република Македонија најверојатно ќе се приклучи кон меѓународниот гасовод Јужен тек, преку кој ќе се снабдува со гас од рускиот енергетски гигант Гаспром.Физибилити студијата за приклучување на Македонија кон Јужен тек ќе биде готова наскоро, а рускиот гигант Гаспром е подготвен да ја снабдува Македонија со потребната количина.Македонското Министерство за финансии информира, дека вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески вчера попладне се сретнал со Заменик претседателот на Гаспром Александар Медведев. Тема на средбата, како што информираат од Министерството, била соработката во енергетскиот сектор меѓу Република Македонија и рускиот гигант Гаспром. Во контекст на приклучувањето на Македонија кон Јужен тек, Медведев информираше дека физибилити студијата за гасоводот е при крај и дека ќе биде готова заклучно со третиот квартал од 2011 година, се вели во соопштението. На средбата било констатирано дека со реализација на гасификацијата значајно ќе се прошири потребата од гас во Македонија, при што Гаспром изразил подготвеност да ја обезбеди потребната количина. Претходно Гаспром соопшти дека на вчерашната средба било договорено Македонија и Русија да ја интензивираат соработката со цел да се реализира техничко-економската анализа за испорака на руски гас во Македонија, како дел од гасоводот Јужен тек. Средбата се одржала во рамките на дводневниот Меѓународен економски форум кој се одржува во Санкт Петербург – Русија, под покровителство на рускиот претседател Дмитриј Медведев.Овој форум е меѓу најпрестижните во светот и на истиот учествуваат реномирани претставници на влади и компании од целиот свет. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

