Свет
Претседателски избори во Јемен
Јеменците во вторникот ќе гласаат на претседателските избори со коишто се верува ќе го сменат досегашниот претседател Али Абдул Салех, надевајќи се дека со изборот на новиот претседател ќе се надмине длабоката криза што ја зафати земјата и ја доведе до работ на граѓанска војна.
Јеменците во вторникот ќе гласаат на претседателските избори со коишто се верува ќе го сменат досегашниот претседател Али Абдул Салех, надевајќи се дека со изборот на новиот претседател ќе се надмине длабоката криза што ја зафати земјата и ја доведе до работ на граѓанска војна. Единствен кандидат на јеменските претседателски избори е досегашниот заменик претседател Абд Рабо Мансур Хади, што е резултат на консензусот постигнат меѓу политичката елита по повеќемесечните насилни протести во земјата. Јеменците се надеваат дека со овие избори ќе свртат нов лист и дека по 33 години ќе го соборат претседателот Али Абдула Салех кој владееше со цврста рака. Од утрото во вторникот пред избирачките места во Јемен гласачите чекаат во долги редици, пренесуваат агенциите. Особено масовност е забележана во главниот град Сана’а каде бројни полициски сили ги обезбедуваат гласачките места, имајќи предвид дека вечерта пред изборите пред избирачки место во јужниот пристанишен град Аден се случи експлозија. „Објавуваме крај на ерата на Салех и почнуваме со изградба на новиот Јемен“, изјави нобеловката Тавакул Карман, чекајќи во ред пред избирачки место во зградата на Универзитетот во главниот град Сана’а.Салех кој во моментов се наоѓа на лекување во САД, по изборите ќе биде најверојатно четвртиот арапски лидер чие повеќедецениско владеење се засноваше на автократијата а кој ќе биде симнат од власта по минатогодишната ткн „арапска пролет“ која доведе веќе до смена на режимите во Тунис, Египет и Либија. Инаку во вторникот истече 90-дневниот преоден период кој започна на 23-ти ноември која претседателот Салех во Ријад го потпиша планот за надминување на кризата изготвен од Советот за соработка на арапските земјите во Персискиот залив. Со овој план се предвидува заминување од власта на Салех во замена за имунитет од кривично гонење за него и за неговите најблиски соработници. Салех се согласи да го потпише планот со кој се предвидува и одржување на претседателските избори, по повеќе од десет месец масовни протести со кои се бараше неговото заминување. Но и покрај оставката на Салех, немирите не престануваат. Во моментов, земјата ја управува привремена влада според мировниот план на Советот за соработка на арапските земјите во Персискиот залив, кој предвидува заминување од власта на претседателот Салех и нејзин трансфер на опозицијата во замена за имунитет за него и за неговото семејство од кривична одговорност. Сега илјадници демонстранти во Јемен бараат судење на Салех.Претседателот Салех кон крајот на октомври минатата година изјави дека постои „сеопфатна документација за соработката меѓу Ал Каеда и Муслиманското братство, којашто упатува на дестабилизација на земјата и воен удар“. Според него опозицијата ја сочинуваа „пореметени луѓе кои не можат да спијата туку само ја посакуваат власта“.Осиромашената земја во којашто истовремено режимските сили се борат и со ќелии на терористичката глобална мрежа Ал Каеда, од јануари 2011 година е потресувана од речиси секојдневни масовни протести, со кои се бара оставка на режимот, како и ставање крај на корупцијата и невработеноста.Речиси 40 отсто од населението на Јемен опстојува со приход од два американски долара на ден или помалку, а една третина се бори со хроничен глад.Претседателот Салех кој во државата се врати на почетокот од ланскиот октомври и пет други високи функционери на Јемен се наоѓаа во Саудиска Арабија, каде што се лекуваа по нападот врз џамијата во комплексот на претседателската резиденција во Сана’а од 3-ти јуни. Тогаш врз Салех непознати лица пукаа додека тој беше во џамијата во близина на претседателската палата. Според други извори, во џамијата експлодирала подметната бомба. Повредени во експлозијата беа и премиерот и заменик премиерот, претседателот на парламентот и неколку политичари кои присуствуваа на традиционалната петочна молитва. Салех, во нападот се здоби со изгореници околу 40 проценти на кожата и повреди на белите дробови. По два дена во Ријад нему му беше извршена операција со која беа отстранети шрапнели од проектил.Противниците на Салех бараа негово непосредно заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекува на крајот од 2013 година.Водечката опозициска организација во земјата „Револуционерна младина на Јемен“ на почетокот од минатата есен го повика претседателот Салех да си поднесе оставка и апелираше на итно формирање преоден револуционерен совет, кој треба да ги преземе ингеренциите и да го подготви новиот устав на земјата.Во истиот период и повеќе од сто влијателни племенските и верските лидери во Јемен, исто така, повикаа на брзо спроведување на претседателските избори во земјата. Тие во јуни 2011-та издадоа писмена изјава, во која уште еднаш побараа оставка од претседателот Салех и избор на нов претседател во рок од 60 дена.Протестите инспирирани од востанијата во Тунис и во Египет го доведоа до раб на пропаст 33-годишното владеење на актуелниот претседател Али Абдула Салех, кој во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка.Во Јемен од почеток во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех, кој стана претседател на Северен Јемен во 1978 гoдина по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 година, застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

