Свет
Стотици роднини на загинатите затвореници во Хондурас упаднаа во мртовечница
Повеќе стотици роднини и пријатели на затворениците кои загинаа во пожарот во затворот во Хондурас, во понеделникот упаднаа во мртовечница барајќи да ги преземат нивните посмртни останки.
Повеќе стотици роднини и пријатели на затворениците кои загинаа во пожарот во затворот во Хондурас, во понеделникот упаднаа во мртовечница барајќи да ги преземат нивните посмртни останки.
Групата во која мнозинство биле жени, успеала да влезе во мртовечницата, да ги отворат ладилниците и отвориле најмалку шест вреќи со тела на загинатите, рече Мелвин Дуарте, портпарол на обвинителството.
Дуарте вели дека полицијата успеала да ги исфрли луѓето од мртовечницата со солзавец и дека во инцидентот никој не е повреден.
Најмалку 359 затвореници загинаа во пожар кој во вторникот изби во затвор во Комајагви, околу 50 километри го главниот град.
Според зборовите на сведоците, стражарите не успеале да ги отворат келиите оставајќи стотици затвореници да изгорат и да се загушат.
Во тој момент во затворот се наоѓале 852 затвореници, што е два пати повеќе од предвидените капацитети. Властите соопштија дека пожарот го предизвикал запален душек, но истрагата за несреќата се уште е во тек./крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.