Македонија
Продолжува бојкотот на наставата во училиштето во село Бузалково
Родителите на децата бараат писмен доказ од Министерството за образование дека потребниот албански кадар ќе се најде
Родителите на децата бараат писмен доказ од Министерството за образование дека потребниот албански кадар ќе се најде
Бојкотот во подрачното училиште во Бузалково продолжува. Родителите не ги пуштаат децата на настава се додека не добијат писмен одговор од министерот и заменик министерот за образование. Неизвесно е до кога ќе ја бојкотираат наставата.
„Ние испративме писмено барање до министерот за образование и до заменик министерот, иако тој вчера ни кажа дека ќе се залага за решение на проблемот. Но родителите не се сложија со усмен одговор и чекаме писмен одговор од министерството и заменик министерот Сафет Незири да ни потврди дека најдовме нешто, рече преставник на Иницијативниот одбор.
Заменик министерот за образование Незири вчера им вети дека ќе најде решение за проблемот. Централното основно училиште Васил Главинов под кое работи училиштето во Бузалково ќе распише конкурс за вработување на потребниот албански кадар.
„Разговаравме и со родителите и со директорката. На први декември ќе распишеме конкурс и ќе се обидеме да најдеме наставници кои ќе предаваат на албански јазик, за конечно да го решиме овој проблем, рече Сафет Незири, заменик министер за образование.
Градоначалникот на општина Велес, Горан Петров со став, дека барањето на родителите за училиштето да функционира како посебен правен субјект ќе се разгледува на седница на советот и во координација со министерството за образование ќе се бара решението. Трет ден трае бојкотот на наставата во Бузалково. Родителите бараат наставата целосно да се изведува на албански јазик и училиштето од подрачно да прерасне во централно. Заедно со стоте деца во селата Клуковец и Сливник, во Бузалково учат 450 ученици во 19 паралелки. Наставата ја изведуваат 31 наставници од кои 21 се од албанска а десет од македонска националност. /крај/лисица/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

