Свет
Демонстрантите прошетаа покрај становите на богатите во Њујорк

Стотина демонстранти кои со недели протестираат во Њујорк против алчноста на Вол Стрит, организираа „Марш на милионерите“ на Менхетен и прошетаа пред домовите на некои од најбогатите луѓе во САД.
Стотина демонстранти кои со недели протестираат во Њујорк против алчноста на Вол Стрит, организираа „Марш на милионерите“ на Менхетен и прошетаа пред домовите на некои од најбогатите луѓе во САД.Членовите на движењето „Да го окупираме Вол Стрит“ и членови на други групи се прошетаа синоќа низ богатите улици на Менхетен како што се Петтата авенија и Парк авенија, каде што во луксузни куќи или станови живеат некои од најбогатите Американци.Извикувајќи „Одданочете ги богатите“ и „Каде е мојот пакет за спасување“, тие одеа во ред по двајца по тротоарот, бидејќи не добија дозвола да го блокираат сообраќајот.Застанаа пред зградите во кои станови имаат медискиот магнат Руперт Мердок, банкарот Џејми Димон и нафташкиот тајкун Дејвид Кох. Демонстрантите упатија критика бидејќи во декември истекува важноста на таканаречениот данок за милионери од два отсто.Ова е првпат демонстрантите да се насочат кон одредени поединци од тој еден процент население за кој велат дека се богати на сметка на останатите Американци. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена на 76 години за првпат стана мајка – чудо што го изненади целиот свет

Ембајте Медин Хагос од Мекеле (Етиопија) стана мајка за првпат на 76-годишна возраст. Таа роди здраво машко бебе. Нејзината приказна одекна низ целиот свет, а многумина ја опишуваат како вистинско чудо.
Ембајте Медин стана мајка преку ин витро фертилизација, која ја извршиле лекари во Индија пред една година. Таа се породи во болница во Мекеле.
„Воопшто не верував кога ми кажаа дека сум бремена “, изјави таа за телевизијата Dimtse Woyane, која објави и снимки од прославата и крштевката на бебето.
Семејството, како и пошироката јавност, реагирале на веста со неверица и емоции.
На социјалните мрежи има безброј коментари, а некои корисници го нарекоа настанот чудо, особено во земја која сè уште се бори со последиците од војната и политичката нестабилност.
Свет
Вулканска ерупција на Камчатка за првпат по 500 години

Вулкан на рускиот далечен исток еруптираше за прв пат по повеќе од 500 години.
Вулканот Крашенјиников на Камчатка синоќа исфрлаше пепел до шест километри.
Нема закани за населените подрачја, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Последната регистрирана ерупција на Крашениников била во 15 век, според раководителот на тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка.
Според експертите, синоќешната ерупција би можела да биде поврзана со силниот земјотрес изминатата недела. Предупредуваат дека се можни силни последователни потреси во следните недели.
Полуостровот Камчатка е оддалечен, но се наоѓа во „Тихоокеанскиот огнен прстен“ – така наречен поради големиот број земјотреси и вулкански ерупции.
Свет
(Фото+видео) Масовен протест за Газа во Сиднеј: демонстрантите носеа тенџериња и тави како симболи на глад

Денеска во Сиднеј се одржа пропалестински протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе, повикувајќи на мир и доставување помош до воено разурнатиот Појас Газа, јавува Ројтерс.
Некои од учесниците на протестната прошетка, која организаторите ја нарекоа „Марш за хуманост“, носеа тенџериња и тави како симболи на глад. Според „9 News Australia“, бројот на демонстранти далеку ги надмина очекувањата на организаторите – дури 90.000 луѓе.
Avustralya’nın Sydney kentinde binlerce kişi İsrail’in Filistin’e yönelik saldırılarını protesto etmek için bir araya geldi.
— Haber HUN (@haberHUN) August 3, 2025
Меѓу учесниците на протестот беа постари лица и семејства со мали деца, како и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, а некои мавтаа со палестински знамиња и скандираа „сите сме Палестинци“.
Во Појасот Газа, во тек е војна меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас, која започна во октомври 2023. Оттогаш, според палестински извори, повеќе од 60.000 луѓе се убиени во Газа, а хуманитарните организации велат дека недостигот од храна води до широко распространето гладување.