Македонија
Пензионерите на средба со министерот Бајрами.
Министерството за труд и социјална политика со пензионерите треба да договорат по кои критериуми пензионерите ќе имаат можност седум дена во годината бесплатно да престојуваат во еден од бањските центри. На средбата треба да учествуваат министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами
Министерството за труд и социјална политика со пензионерите треба да договорат по кои критериуми пензионерите ќе имаат можност седум дена во годината бесплатно да престојуваат во еден од бањските центри.На средбата треба да учествуваат министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами и преставници на пензионерските здруженија.Мерката опфаќа подмирување на сите трошоци од транспорт, престој до лекарски надзор, а треба да почне да се применува од следната годинаПремиерот Никола Груевски најави дека оваа мерка освен што ќе им помогне на пензионерите, при што предност ќе имаат оние со пониски пензии, ќе биде и добар импулс за бањите, односно за бањско-рекреативниот туризам во Македонија./крај/с/ил кои што исто така се соочуваат со сериозни проблеми./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

