Економија
Програмата на евтини кредити на ЕЦБ ги подигна европските акции

Европските акции во вторникот забележаа благ пораст во слабото претпразнично тргување, поттикнати од најавата на Европската централна банка (ECB) дека на банките ќе им понуди поевтини кредити, на што се надоврза и успешната аукција на шпанските државни обврзници.
Европските акции во вторникот забележаа благ пораст во слабото претпразнично тргување, поттикнати од најавата на Европската централна банка (ECB) дека на банките ќе им понуди поевтини кредити, на што се надоврза и успешната аукција на шпанските државни обврзници. Но индексот на лондонската берза FTSE 100 беше во благ минус од 0,3 отсто на 5.351 поени, индексот на франкфуртската берза DAX зајакна, пак, за 0,9 отсто на 5.723 поени, додека индексот на берзата во Париз CAC 40 за 1,1 отсто на 5.351 индексен поен. Пазарите во вторникот беа орасположени од најавата на Европската централна банка дека во среда ќе им понуди на банките во ерозоната кредити за рефинансирање на рок до три години по каматна стапка од еден процент, за да ја пречи кредитната криза и забавувањето на стопанствата. По објавувањето на оваа информација, шпанските трошоци на краткорочното задолжување на најновата аукција беа повеќе од преполовени во однос на аукција од минатиот месец. Во таквата атмосфера скокна и шпанскиот берзански индекс IBEX за 1,3 отсто а најголеми добитници беа банките, па така „Banco Santander“ и „BBVA“ зајакнаа за 2,1 односно 2,2 отсто. Банкарскиот сектор беше меѓу поистакнатите добитници и на другите европски берзи, па италијанските банки „UniCredit“ и „Intesa Sanpaolo“ и француската „BNP Paribas“ зајакнаа во распон од 3,9 до 4,3 отсто. „Иако оцените на шпанската аукција на обврзници беа позитивни, јасно е дека овој ’успех’ поизлезе од најавата на ECB за програмата за поттикнување на ликвидноста“, изјави за Reuters Џошуа Рејмонд од компанијата „City index“.Во просек европскиот банкарски беше во добивка од 2,3 отсто. Меѓу поединечните губитници се издвојуваше производителот на лекови „AstraZeneca“ по објавувањето дека неговиот лек против канцерот нема да оди во завршната фаза од испитувањето, како и дека експерименталниот антидепресив неј аисполнил целта во втората фаза од студијата. Фармацевтската компанија „GlaxoSmithKline“, исто така, беше во загуба, и тоа за 1,7 отсто./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Тесла“ ветува историска исплата за Маск од дури 1 трилион долари

Илон Маск би можел да стане првиот човек во историјата кој ќе добие акции во вредност од еден трилион долари, доколку во следната деценија „Тесла“ ги исполни своите најамбициозни цели, соопшти Управниот одбор на компанијата.
Според новата програма за наградување, Маск нема да добива пари или класични бонуси, туку акции, чија вредност би достигнала историски рекорд доколку плановите се реализираат.
Меѓу условите се вклучени продажба на 12 милиони електрични возила, лансирање на еден милион роботи со вештачка интелигенција и осмократен раст на вредноста на компанијата.
Претседателката на Управниот одбор, Робин Денхолм, изјави дека иако задачите изгледаат скоро невозможно, токму визијата на Маск и неговата упорност се гаранција за успех.
„Задржувањето и мотивирањето на Илон е клучно за ‘Тесла’ да стане највредната компанија во историјата“, порача Денхолм.
Оваа објава доаѓа само еден месец по одлуката на американски суд, со која Маск доби 29 милијарди долари во акции, откако претходно беше поништено грандиозното доделување од 50 милијарди долари поради негова неправедност кон акционерите.
Со новата програма, „Тесла“ испраќа порака дека иднината на компанијата останува тесно врзана за најбогатиот човек на планетата и неговите визионерски планови.
Економија
Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според него, е резултат на одговорни владини политики.
„Ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст“, напиша Мицкоски.
Тој посочи дека стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што претставува пад од еден процент во однос на истиот квартал минатата година.
„Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина“, нагласи премиерот.
Мицкоски се осврна и на трговската размена, посочувајќи дека во јули извозот пораснал за 4,69 проценти, а увозот за 4,35 проценти.
„Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти. Вкупната трговска размена во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период лани“, додаде тој.
„Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред, со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој“, порача премиерот во својата објава.
Економија
Стојаноски: Економијата се буди, граѓаните наскоро ќе почувствуваат подобар живот

Во рамки на новото издание на емисијата „Ставот на регионот“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој говореше за состојбата на македонската економија и најави подобрувања што, според него, ќе донесат повисок стандард за граѓаните.
„Три квартали по ред имаме раст на БДП од над 3%. Индустриското производство од месец јули, споредено со јуни претходната година, е зголемено за 4,1%, а преработувачката индустрија бележи раст од 7%. Дополнително, забележуваме и поголем број туристи кои доаѓаат во државата“, изјави Стојаноски.
Тој нагласи дека Македонија гради темели на нова економска филозофија, чија цел е повисок стандард, подобри плати и пензии и поквалитетен живот за сите граѓани.
„Овие показатели укажуваат дека македонската економија полека заздравува. А кога ќе влеземе во полн ек на реализација на капиталните инвестиции и ќе го развиеме градежништвото, како клучна гранка, ќе имаме уште повеќе можности да помагаме и со дополнителни мерки“, додаде Стојаноски.