Македонија
Трајановски потпиша Писмо на намери со седум градоначалници од регионов
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски денeска во Загреб потпиша Писмо на намери заедно со градоначалниците на Анкара, Подгорица , Белград, Сараево, Тирана, Загреб и Фрајбург,
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски денeска во Загреб потпиша Писмо на намери заедно со градоначалниците на Анкара, Подгорица , Белград, Сараево, Тирана, Загреб и Фрајбург, со што официјално станаа директни учесници во продолжувањето на проектот „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите“.Со вклучувањето на трите нови града, Белград, Тирана и Анкара, проектот ќе добие ново име „Мрежа на енергетски ефикасни главни градови“, со којашто ќе бидат опфатени поголем дел од главните градови во Југоисточна Европа.Градот Скопје во октомври 2009 година потпиша Меморандум за разбирање со Загреб, Фрајбург, Сараево и Подгорица, за соработка во рамките на заедничкиот проект за „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите“.Дел од обврските што ги презеде со потпишувањето на овој документ е и изработката на Акциониот план за градот Скопје.Неодамна во Скопје беше промовирана работната верзија на Акциониот план за градот Скопје и беше отворена Канцеларијата и Инфо-центар за енергетска ефикасност на Град Скопје. крај/со/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

