Спорт
Лизбет Трикет се пензионира од пливање

Тројната олимписка шампионка во пливање Лизбет Трикет ќе стави крај на својата професионална кариера, на возраст од 24 години и нема да се натпреварува на Летната олимпијада во Лондон 2012 година
Одлуката за пензионирање на австралиската пливачка дојде по неуспехот од Светското првенство во Рим, каде таа не освои злато. Лизбет Трикет одби и да ги носи новите костими направени со висока технологија, бидејќи ги загуби сите светски рекорди откако беа воведени костимите. Трикет освои два златни медали на Летната олимпијада во Пекинг мината година, и вкупно осум златни медали, вклучувајќи пет од Мелбурн 2007 година. Таа додаде дека би сакала да го заврши факултетот, да започне нова кариера во коментаторство и да основа фамилија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ ги прифатил условите, се сели во Милан

Душан Влаховиќ, како што сега стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Милан.
Јувентус долго време сака да се ослободи од Влаховиќ, особено поради неговата висока плата, и се чини дека во Торино нашле решение
„Старата дама“ ја одреди цената. Јувентус би го пуштил Влаховиќ за 30 милиони евра. Тоа е повеќе од 50 милиони евра помалку отколку кога го доведоа од Фиорентина во 2022 година. Јуве за Влаховиќ на Фиорентина 81,6 милиони евра.
На крајот, Јувентус ќе го пушти Влаховиќ за помалку од 30 милиони.
Големиот ривал на Јувентус, тимот на Милан предводен од клупата од поранешниот тренер на Влаховиќ, Масимилијано Алегри ќе го ангажира Србинот.
Милан, според италијанските медиуми, му понудиле на Влаховиќ плата помеѓу шест и седум милиони евра. Јувентус ќе добие 15 милиони евра и во Торино ќе се пресели Алексис Салемакерс.
Спорт
Карабаг ќе игра во главната фаза во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Карабах втор пат в клупската историја се квалификуваа во главната фаза од Лигата на шампионите.
Клубот од Азербејџан загуби во реваншот од плејофот против Ференцварош со резултат 2:3, но победата од 3:1 во првиот натпревар беше доволна за пласман.
Почна добро за гостите од Унгарија. Во 12-та минута, Јозеф искористи додавање од искусниот Варга и постигна гол. Сепак, до крајот на првото полувреме, практично сè беше решено. Карабах израмни во 25-та минута преку Андраде, а непосредно пред крајот на полувремето, пресврт напави Зубир.
Ференцварош имаше речиси невозможна задача. Варга, сепак, ги разгоре надежите со гол во 55-та минута од пенал, а Тот најави комплетна офанзива со гол во 82-та минута.
Ференцварош ги фрли сите карти во нападот, но не можеше да постигне гол што ќе ги однесеше во продолжение.
Карабаг е вториот тим од самиот исток на Европа што ќе игра во лигашката фаза од Лигата на шампионите. Каират од Казахстан, исто така, направи голем подвиг еден ден претходно.
На патот до главната фаза, Карабаг во третото коло ја елиминира Шкендија.
Спорт
Ѓоковиќ со загубен сет до третата рунда на Ју-ес опен

Новак Ѓоковиќ е во третото коло на Отвореното првенство на САД. Најдобриот во историјата го победи квалификантот Закаријас Сваида (145-ти на АТП) листата со 6:7 (5:7), 6:3, 6:3, 6:1 по два и пол часа на стадионот „Артур Еш“.
Луден меч одигра Србинот, без многу енергија. Веројатно поради фактот што излезе на теренот невообичаено рано.
Новак беше далеку од врвно ниво. Сепак, успеа да го најде вистинскиот ритам откако го загуби првиот сет и на крајот славеше рутински.
„Да бидам искрен, не беше баш најдобро. Не играв најдобар тенис од самиот почеток. Зак играше висококвалитетен тенис во одредени фази од натпреварот. Честитки. Многу е важно и добро за него што остана на теренот и покрај проблемите. Сет и пол ме туркаше да играм најдобро што можам.
Ми се чини дека колку подалеку одам на Гренд слем турнирите, толку поудобно се чувствувам. Закрепнувањето по тешките натпревари е многу важно. Ова се некои работи што се рутински. Благодарност до сите што ме бодреа“, рече Ѓоковиќ
Негов следен противник ќе биде подобар од Камерон Нори (Велика Британија) – Франциско Комесања (Аргентина).
Foto/ EPA/SARAH YENESEL