Спорт
Русија ја постигна првата победа под водство на Дик Адвокат
Најдобрата руска фудбалска репрезентација ја победи соодветната селекција на Бугарија во пријателски натпревар одигран попладнево во Санкт Петербург, кој заврши со резултат 1:0
Стрелецот на победничкиот гол за руската репрезентација беше Роман Широков уште во 7. минута од мечот, кој заради големиот чад од шумските пожари беше преместен од Москва каде што првично требаше да се одигра. Овој меч беше деби за Холанѓанецот Дик Адвокат како селектор на Русија, кој на оваа фунцкија дојде во мај, наследувајќи го својот сонародник Гус Хидинк. На мечот заради повреди не настапија во тимот на домашните Владимир Бистров и Игор Денисов, но ѕвездатата на оваа руска селекција Андреј Аршавин иако влече здравствени проблеми и неговиот настап беше под знак прашалник, фудбалерот на лондонси Арсенал сепак истрча на теренот уште од првата минута. Во бугарската селекција, пак, не се појави лидерот од англиски Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов. Според агенциските извештаи, Бугарите од почетокот се обиделе да наметнат и да ја контролираат играта, што покажува податокот дека во првото полувреме ја имале топкат дури 60 отсто во своите нозе. Иако уште во првите моменти имале неколку опасни шутеви кон рускиот гол, брзото водство на „зборнаја“ било доволно за победа во мечот во кој Адвокат многу комбинирал со најдобрите руски фудбалери, Павлјученко, Погребњак, Колодин, Анјуков, Аршавин итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Горочатеги во 92-та минута го реши баскиското дерби
Фудбалерите на Реал Сосиедад го победија Атлетик Билбао со 3:2 во 11-то коло од шпанската Ла Лига.
Дербиот на Баскија се играше во Сан Себастијан, на стадионот „Реале Арена“ пред околу 30.000 луѓе. Натпреварот беше интензивен, Атлетик два пати се враќаше во натпреварот, на крајот херој на Сосиедад е Горотачеги.
Во 38-та минута Браиз Мендес ја затресе мрежата на Билбао, но радоста на домашните траеше само четири минути. Горока Гурусета изедначи на 1:1.
На почетокот од вториот дел од натпреварот, веднаш по почетниот удар, Португалецот Гонзало Гуедеш, со прекрасен потег се ослободи од својот чувар и им ја врати предноста на домашните.
Сепак, половина час подоцна, откако беше поништен голот на Закаријан за 3:1, Наваро успеа да погоди за 2:2 и да внесе дополнителна драма во баскиското дерби.
Реал Сосиедад победата ја обезбеди во втората минута од судиското надополнување на времето, на асистенција на Ојарсабал, Горочатеги го постигна голот за победа од 3:2.
Сосиедад го забележа третиот триумф, со 12 бодови се наоѓа на 13-то место. Атлетик го доживеа третиот пораз во последните пет натпревари, со 14 бодови на табелата се наоѓа на 10-то место.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Челзи го победи омилениот градски ривал ривал
Фудбалерите на Челзи го победија Тотенхем со 1:0 во дербито на 10-то коло од Премиер лигата. „Сините“ беа подобар ривал во текот на целиот натпревар, а на крајот голот на Бразилецот Жоао Педро го реши победникот.
Ова беше петта последователна победа на тимот од „Стемфорд Бриџ“ против Тотенхем, кои во претходните 18 меѓусебни дуели остварија само еден триумф со три нерешени резултати и дури 14 порази.
За единствениот голл на натпреварот најголема заслуга има Каиседо, најпрвион одзеде топка, а потоа идеално му асистираше на Педро. Инаку, Бразилецот го постигна првиот гол за Челзи уште од август.
Que jugadorazo es Caicedo, la recupera y luego la pierde el down de Neto, la vuelve a recuperar y da asistencia para el gol de João Pedro pic.twitter.com/RHLTY3km1L
— Jeff (@JeffFcb14) November 1, 2025
Педро имаше уште неколку шанси во текот на натпреварот, но не беше прецизен.
Тотенхем не создаде сериозна можност барем да освои бод и да го направи дербито поинтересно.
Челзи можеше да го зголеми водството во судиското продолжение, но Гитенс и Педро не успеаја да ја погодат мрежата.
Спорт
(Видео) Вања одбрани пенал, Елмас одличен – Реми меѓу Наполи и Комо
Без победник (0:0) заврши дуелот од 10-то коло од Серија А помеѓу Наполи и Комо. Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас играше од 37-та минута, кога влезе на теренот на местото на повредениот Били Гилмор. Одигра одлиќен натпревар, беше еден од најдобро оцентите играчи во редовите на Наполи.
Комо го имаше поседот на топката на почетокот, што е донекаде неочекувано, а потоа во 24-та минута, гостите добија пенал. Мората ја избегна офсајд стапицата, падна во шеснаесетникот по контактот со голманот ВањаМилинковиќ-Савиќ, а судијата покажа на пенал.
Мората ја презеде одговорноста, но неговиот удар српскиот голман го одбрани. Нестварно звучи податокот дека Вања Милионковиќ-Савиќ одбрани шест од последните десет пенали во Серија А. Во минатото коло одбрани пенал во Лече.
🚨🇮🇹 ALVARO MORATA HAS MISSED THE PENALTY FOR COMO! ❌
pic.twitter.com/Zsc5Hqt2c0— TheGoalsZone ✨ (@TheGoalsZone) November 1, 2025
Наполи по првото реми оваа сезона остана лидер, со меч повеќе има 22 поени, Рома е на 21, следат Интер и Милан со по 18. Комо се наоѓа на петтото место со 17 поени.

