Спорт
Извесен штрајкот во Серија А

Штрајкот на фудбалерите во Серија А станува сè поизвесен откако претседателот на синдикатот на професионалните фудбалери, Серџо Кампања го напушти денешниот состанок со челниците на лигата. Состанокот требаше да го реши спорот околу потпишувањето на новиот колективен договор, чии последен рок истече денес. Италијанската новинска агенција АНСА оценува дека по ова, штрајкот е сосема извесен. Синдикатот од предходно го одреди 16-то коло, кое треба да се одигра на 11 и 12 декември, како термин за протестот. Несогласувањата помеѓу двете страни настанаа по предлогот на клубовите, тие да се стекнат со право да ги дистанцираат непожелните играчи од тренинзите на првиот тим, како и да ги условуваат на трансфери во други екипи. На состанокот присуствуваше и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џанкарло Абате, но ниту тој не успеа да издејствува компромисно решение. Спротивставените страни утре ќе бидат сослушани и од Олимпискиот комитет на Италија. крај/бета/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марсеј го сруши клупскиот рекорд – Паишао пристигна на „Велодром“

Бразилскиот фудбалер Игор Паишао (25) стана највредното засилување во историјата на Олимпик Марсеј.
Клубот од југот на Франција му плати на Феенорд 35 милиони (30+ бонуси) за поранешниот играч на Коритиба.
Паишао пристигнува во Марсеј по три одлични сезони во дресот на клубот од Ротердам, со кој освои и една титула во холандското првенство.
Зад себе има брилијантна сезона и неколку одлични натпревари во Лигата на шампионите, кога го привлече вниманието на голем број клубови. Вкупно, минатата сезона постигна 18 голови и имаше 14 асистенции во 47 натпревари во сите натпреварувања.
Лидс исто така беше заинтересиран за него, но на крајот Паишао се одлучи за познатиот француски клуб од „Велодром“.
Спорт
62.000 луѓе го гледале првиот меч во германската Втора лига

Фудбалерите на Шалке ја победија Херта со 2:1 во првиот натпревар од новата сезона на второто најсилно натпреварување во Германија.
Навивачите не разочараа ниту овој пат, без разлика дали поради фактот што беше прво коло, или поради повикот на дербито, иако е само прво коло, овој дуел најверојатно ќе остане еден од најпосетените оваа сезона во Германија, не само во Втората туку и во првата Бундес лига.
Официјално, натпреварот во Гелзенкирхен на „Велтинс Арена“ го гледаа 62.271 навивач.
Schalke 04 at home to Hertha BSC tonight! 🇩🇪 pic.twitter.com/oq7D0eDO6V
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) August 1, 2025
Големиот интерес на фудбалските фанови за натпреварите во Цвајта, секако, не е ништо ново. Од година во година, бројот на навивачи на трибините во Втората лига само расте, а оваа сезона би можела да ги надмине рекордните бројки од претходната.
Имено, во натпреварувачката сезона 2024/2025, натпреварите во просек ги гледале 30.493 гледачи, што е зголемување од шест отсто во споредба со претходната сезона.
Шалке победи со 2:1 со головите на Муса Сила и Никола Катиќ. Голот за тимот од Берлин го постигна Себастијан Гренинг.
Спорт
Легендата Сон го напушта Тотенхем

Капитенот на Тотенхем, Сон, потврди дека го по 10 години ќе го напушти клубот.
Во последните недели се шпекулираше за неговото заминување, а сега капитенот на Тотенхем на прес-конференција за време на азиската турнеја потврди дека го напушта северен Лондон.
„Дојдов во Тотенхем како момче, имав 23 години, дури и не зборував англиски, а си заминувам како возрасен човек во многу горд момент. Ова беше една од најтешките одлуки што сум ги донел. Решив да си заминам ова лето“, рече Сон.
Сон е дефинитивно една од најголемите легенди на клубот, помина цела деценија во Тотенхем, одигра 454 натпревари, постигна 174 гола и регистрираше 101 асистенција.
Според информациите, Сон ги отфрлил понудите од Саудиска Арабија, како и поканата на Жозе Мурињо да се пресели во Фенербахче, а неговиот следен клуб ќе биде Лос Анџелес.
Бројни сигурни извори потврдија дека Сон е во завршни преговори и дека би можел да отпатува за да го потпише договорот во текот на следната недела.