Спорт
Милан не го дава врвот

Во последниот неделен меч од 32-то коло до Серија А, миланезите дојода до важни бодови во Фиренца, победувајќи ја домашната Фиорентина со 2:1 и повторно се најблиску до скудетото
Головите за Милан ги постигнаа Клaренс Сидорф во 8., и Алеkсaндре Пато во 41 минута, додека за домашните намали Хуан Мануел Варгас во 79 минута. Иако „росонерите“ во текот на целиот меч имаа повеќ од играта и низа од одлуични шанси да обезбедат и поубедлива победа, глупоста на Златан Ибрахимовиќ кој на три минути пред крајот поради приговор за изведување аут беше уште еднаш опоменат и исклучен од игра, можеше да се случи домашните без своја вина во судиското дополнување да дојдат до бод. За среќа по Милан, фудбалерите на Фиорентина немаа сили да го ја искористат поголемата бројноста на теренот, па така Милан сега е повторно сам на врвот со три бода предност пред Наполи и пет пред ланскиот шампион Интер. Во неделата навечер се очекуваше многу тежок меч за Милан, освен затоа што Фиорентина претендира за што повисок пласман и по тоа што во тимот на лидерот на табелата поради повреди отсуствуваа Алесандро Неста, Андреа Пирло, Масимо Амбросини, Даниел Бонера, Марек Јанкуловски и Филипо Инзаги. Но напротив Милан тргна силно решен многу рано да дојде до предност во осмата минута по проигрувањето на Ибрахимовиќ до Пато кој му намести убава топка на Сидорф. До вториот погодок Ибрахимовиќ и Пато имаа уште неколку убави прилики, а бразилскиот тинејџер во 41 минута по акцијата на Ибрахимовиќ и Кевин-Принс Боатенг успеа да поентира. Во вториот дел Фиорентина се обиде рано да дојде до погодок кој ќе и’ овозможи да се надева дека на крајот ќе остане непоразена, но по неколку посериозни напади дури во 79 минута Варгас успеа да го погоди штотуку влезениот во игра Џенаро Гатузо и да го совлада Абиати.До крајот на сезоната остануваат уште шест кола, кои со оглед на постојаното десеткување на екипата на Милан и забревтаниот Наполи а треба да се има предвид и Интер кој не се откажува од потврдување на ланската титула, носат многу неизвесност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пешиќ: Ова е кошарка не е фудбал, нема да поднесам оставка

Српската кошаркарска репрезентација се врати во Белград, откако во саботата доживеа сензационална елиминација од Европското првенство. Финска ја победи Србија во осминафиналето со 92:86.
Српската јавност по елиминацијата бара оставка од селекторот Светислав Пешиќ, тој на новинарите на аеродромот „Никола Тесла“ им кажа дека нема намера да го направи тоа.
„Јас никогаш не поднесувам оставка. Зошто оставки? Дојдов тука да го средам она што требаше да се среди. По Олимписките игри, никој не сакаше, јас прифатив пред сè од одговорност кон играчите. Имаме таков договор до крајот на септември. Ќе седнеме, ќе разговараме, јас сум секогаш тука, достапен сум за секаков вид помош и ангажман. Ова не е фудбал туку кошарка, оставки не се даваат и нема причина да се прави тоа“, рече Пешиќ.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Катастрофа на Турција во Коња, прими шест гола од Шпанија

Најдобрите шпански фудбалери со стил ги започнаа квалификациите за Светското првенство во 2026 година. За само неколку дена, тие гостуваа двапати и остварија две победи со гол-разлика од 9:0.
По гостувањето во Софија на 4 септември и убедливата победа од 3:0 над Бугарија, шпанската репрезентација гостуваше во Коња и ја победија Турција со 6:0 (3:0).
Пред натпреварот, турските медиуми најавија спектакуларен дуел помеѓу двајца левоноги момци од Реал Мадрид и Барселона, Арда Гулер и Ламин Џамал, но на теренот играа само гостите.
Танцуваа на теренот избраниците на Луис де ла Фуенте. Играчот на Арсенал, Микел Мерино, се истакна со три гола. За Мерино ва е прв хет-трик во кариерата.
Покрај Мерино, Педри постигна два гола, првиот и шестиот гол, а Феран Торес ја затресе мрежата на Угурџан Чакир. Голманот на Турција, и покрај тоа што прими шест гола, беше еден од подобрите играчи во домашната селекција, предводена од Италијанецот Винченцо Монтела.
Единственото нешто што може да го загрижи селекторот на Шпанија е повредата на Нико Вилијамс, кој беше заменет од Феран Торес на крајот од првото полувреме.
Foto/ EPA
Спорт
Алкараз го освои Ју-ес опен и повторно е број 1 во светот

Карлос Алкараз е шампион на Отвореното првенство на САД. Во пресметката меѓу двајцата најдобри играчи во светот, Шпанецот го победи Јаник Синер со 6:2, 3:6, 6:1, 6:4 и го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот. Ова е шеста Гренд Слем титула на Карлитос во неговата кариера.
Како и во претходната сезона, Италијанецот и Шпанецот ги поделија Гренд Слем турнирите меѓу себе. Алкараз ги освои Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, а Синер славеше на Отвореното првенство на Австралија и Вимблдон.
Финалето не донесе спектакуларно ниво на тенис, а Алкараз беше многу подобар играч, ако не се смета малиот пад во вториот сет.
Синер направи необични грешки за неговите стандарди и тоа го чинеше брејкови во раните фази од сетовите, а на крајот и одбраната на тронот.
Foto/ EPA