Европа
Brexit: Владата ја исклучи можноста за уште еден референдум

Британската влада им одговори во саботата на граѓаните, повеќе од четири милиони кои ја потпишаа петицијата да се организира уште еден референдум за излегувањето од Европската унија по оној од 23-ти јуни, објавувајќи дека нема да има втор плебисцит.
Секој потписник на петицијата добил електронска порака со потписот на министерство за надворешни работи во која се вели дека „владата одговара на петицијата којашто сте ја потпишале“.
Со оваа петиција се повикуваше „владата да го примени правилото според која треба да се организира уште еден референдум, доколку гласањето во полза на останувањето или излегувањето од ЕУ изнесува помалку од 60 отсто од гласовите со процент на излезност на гласачките места понизок од 75 отсто“.
„Како што премиерот јасно рече во својата изјава пред Пратеничкиот дом на 27-ми јуни, референдумот беше најважниот израз на демократијата во британската историја со повеќе од 33 милиони лица кои се одѕвале“, пишува во одговорот на владата.
„Премиерот и владата јасно рекоа дека станува збор за единственото гласање за една генерација, и дека одлуката мора да се почитува. Сега мораме да ја подготвиме постапката за истапување од ЕУ и владата е решителна да го гарантира најдобриот можен резултат за британскиот народ во тие преговори“, се заклучува во електронската порака.
Британците, односно 17,5 милиони или 51,9 отсто, на 23-ти јуни гласаа во полза на излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Излесноста на гласачите изнесуваше 72,2 отсто./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин