Спорт
Ноколовски и Илиевски најдобри спортисти во 2010

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, на гала свеченост ги додели спортските оскари за годината која изминува
Спортист на годината е кајакарот Атанас Николовски, кој на Светското првенство го освои седмото место. Кај дамите наградата ја понесе каратистката Наташа Илиевска. Најдобар македонски спортист во странство очекувано е Горан Пандев, додека оскарот за најдобар млад спортист го понесе Бранко Манев. Марин Докузовски е тренер на годината, а репрезентацијата со која избори пласман на следното ЕП е машки тим на годината. Најдобар женски тим е ракометната репрезентација на Македонија. Карате федерацијата е најдобра спортска федерација за 2010 година.Посебна награда животно дело Агенцијата за млади и спорт му додели на Кирил Дојчиновски. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Борг: Ѓоковиќ е ГОАТ, Федерер и Надал го делат второто место

Легендарниот тенисер Бјорн Борг вели дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот (Г.О.А.Т) на сите времиња.
„Ѓоковиќ, за мене, е најголемиот кој некогаш го играл овој спорт. На второто место се Федерер и Надал, тие се изедначени“, рече Борг во интервју за „Скај Спорт“.
Новак има 38 години, но сè уште се бори за најголемите трофеи. Тој е единствениот оваа сезона кој стигна до сите четири полуфиналиња на Гренд Слем, заедно со Јаник Синер.
„Ќе му биде тешко со Синер, Алкараз и другите, но сè уште може да го направи тоа. Се надевам дека ќе има мотивација да игра барем уште една сезона“, додаде Борг.
"Djokovic, for me, is the greatest player to have ever played the game"
Bjorn Borg weighs in on the GOAT debate 🐐 pic.twitter.com/mZyOQ9Znt9
— Sky Sports Tennis (@SkySportsTennis) September 23, 2025
Спорт
Ограбен селекторот на Португалија, штетата е милионска

Роберто Мартинез, селекторот на Португалија, бил ограбен минатата сабота, објавија локалните медиуми.
Имено, крадци го скршиле прозорецот и влегле низ кујната, а украле часовници и накит во вредност од над милион евра.
Според истиот извор, никој не е повреден, а инцидентот се случил на периферијата на Лисабон, каде што живее Мартинез. За среќа, тој не бил дома во тоа време, а сè го открил чистачот.
Мартинез се подготвува за претстојните квалификациски натпревари, каде што Португалија ќе се соочи со Република Ирска и Унгарија.
Мартинез ја презеде функцијата селектор на Португалија во јануари 2023 година.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Деби гол на Исак, гол и црвен картон за Екетике

Третото коло во Лига купот на Англија го обележа со дуел помеѓу Ливерпул и Саутемптон. Ливерпул повторно победи со гол во последните минути (2:1). Натпреварот го обележа неверојатниот потег на Уго Екитике.
Арне Слот го одигра овој натпревар со комбиниран состав.
Најновото засилување на „Црвените“, Александар Исак, го постигна деби голот за Ливерпул, со што му донесе водство на својот тим во 43-та минута. Сепак, гостите од Чемпионшип не се предадоа, па успеаја да израмнат во 76-та минута и да внесат драма на „Енфилд“.
🚨🏴 ALEXANDER ISAK OPENS THE SCORING FOR LIVERPOOL!
Liverpool 1-0 Southampton.pic.twitter.com/xWmy8csbHJ
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 23, 2025
Во 85-та минута, Екетике постигна гол за 2:1, а потоа го соблече дресот во знак на прослава и доби втор жолт, односно црвен картон. Ливерпул успеа да издржи до крајот дури и со еден играч помалку и се квалификуваше во осминафиналето од Лига купот.
🚨🏴 HUGO EKITIKE GIVES LIVERPOOL THE LEAD !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Liverpool 2-1 Southampton.pic.twitter.com/JZhokWg4Q6
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 23, 2025
Резултати:
Барнсли – Брајтон 0:6
Барнли – Кардиф 1:2
Фулам – Кембриџ 1:0
Линколн – Челзи 1:2
Виган – Викомб 0:2
Вулверхемптон – Евертон 2:0
Рекшам – Рединг 2:0