Спорт
СП: Франција ќе го брани тронот против Данска

Ракометните репрезентации на Франција и Данска ќе играат во финалето на дваесет и второто Светско првенство, чиj домаќи е Шведска.
Репрезентацијата на Франција, актуелен светски, европски и олимписки првак, во првото полуфинале со 29:26 ја совлада домашната селекција на Шведска. Бертран Жил и Мишел Гигу со по осум погодоци беа најефикасни во редовите на Франција, Шведска ја предводеше Јонас Лархолм со шест гола.
Титулата освоена пред две години во Хрватска, Франција ќе ја брани против Данска. Данците во второто полуфинале со 28:24 ја победија Шпанија. Голманот Никлас Ландин кој одбрани 49 отсто од ударите кон неговиот гол и Микел Хансен кој постигна девет погодоци беа движечката сила на Данска на оваа средба.
Франција во Шведска ќе го одигра своето петто финале на Светските првенства, и ќе се обидат да ја освојат четвртата титула. Данска има едно загубено мундијалско финале пред речиси пет децении.
Финалето ќе биде на програмата во недела од 17 часот, предходно од 14:30 часот за бронзениот медал ќе се борат Шпанија и Шведска.
Петтото место на СП го освои Хрватска која со 34:33 го совлада Исланд, додека Унгарија со победата од 31:28 над Полска стигна до седмата позиција. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Најлошиот натпревар во кариерата на Никола Јокиќ – ова никогаш не му се случило на трикратниот МВП на НБА

Денвер Нагетс на Никола Јокиќ ги победија Оклахома Сити Тандер со 113:104 и поведоа со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција, но центарот на тимот од Колорадо нема да го памети добро овој натпревар.
Јокиќ го заврши натпреварот без ниту една тројка, иако упати десет удари кон противничкиот кош.
Не е прв пат центарот на тимот од Колорадо да го заврши натпреварот без ниту една тројка, но му се случи за прв пат да не помине топка низ обрачот по десет обиди.
Досега, Јокиќ имаше најмногу промашени шутеви, осум, на 10 март 2022 година, против Голден Стејт Вориорс.
Спорт
Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница.
„Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата.
Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона моментално е на 15-то место на табелата, шест бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.
Ниту клубот, ниту тренерот не објавија повеќе детали за неговата здравствена состојба.
„Се чувствувам добро, под надзор сум на лекар и ги бројам деновите до враќањето на работа за да можеме да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната. Ќе бидам отсутен од теренот, но во постојан контакт со стручниот штаб“, рече Санчес.
Минатата сезона, Санчез го предводеше каталонскиот клуб до историско трето место во шпанското првенство. Сепак, тимот се соочи со проблеми оваа сезона откако клучни играчи го напуштија клубот за време на летниот преоден рок, па Жирона е само 15-та на табелата со 38 бода, и сè уште не ја надминала борбата за опстанок.
Спорт
Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време.
На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми.
Нивната средба би можела да се случи во многу деликатен момент за двајцата.
Имено, се повеќе се шпекулира дека Ана поминува низ брачна криза со Бастијан Швајнштајгер и дека развод е на повидок.
Од друга страна, Новак поминува низ чуден период. Од почетокот на годината, тој е далеку од препознатливо ниво, се откажа од мастерсот во Рим без конкретна причина, а се повеќе се шпекулира за крајот на неговата кариера.
Турнирот во Женева е закажан од 17 до 24 мај.