Економија
Под концесија патишта од околу 380 километри
Издавање под концесија на патни правци во вкупна должина од околу 380 километри најави во четвртокот македонската влада
Издавање под концесија на патни правци во вкупна должина од околу 380 километри најави во четвртокот македонската владаКако што појасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески концесиите ќе се издаваат на рок од 35 години.За овој период, концесионерот ќе биде задолжен за изградба, реконструкција и одржување на делниците, за што се стекнува со право целосно да располага со наплатата на патарините, појасни Јанакиески.Тој информираше дека предмет на концесија се и постојните изградени автопатишта во Македонија, како и обиколницата околу Скопје, со цел полесно да се привлече концесионер во услови на светска криза.Делниците ќе бидат групирани во два пакета, со цел да се создадат концесиски пакети, кои ќе бидат финансиски исплатливи и привлечни за светските финансиски пазари.Првиот пакет, кој уште е наречен и Источен пакет, ги содржи делниците Крива Паланка – Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци – Штип, Миладиновци – Скопје и обиколницата околу Скопје, во вкупна должина од 177,5 километри.Вториот пакет, или Западниот пакет, ги содржи патните правци Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Охрид-Требениште, Подмоље – Струга и Гостивар -Тетово – Скопје во вкупна должина од 196 километри.Идниот концесионер ќе биде обврзан во рок од осум години, по склучувањето на договорот да ги изгради делниците.Вкупната вредност на патиштата кои треба да се изградат е проценета на околу милијарда евра, а предвидено е и Владата да се вклучи со одреден надомест, чија висина ќе биде предмет на тендерирање.Одредувањето на висината на цената на патарината останува во надлежност на Владата, а предвидено е покрај постојните, да биде воведена само уште една патарина, на обиколницата околу Скопје.Јавниот повик ќе биде објавен во петок, а право на учество имаат сите домашни и правни лица, кои ќе ги исполнат условите.За најповолен концесионер ќе биде избран, оној што ќе понуди најголем концесиски надоместок и ќе ги исполни строгите критериуми.Потенцијалниот концесионер меѓудругото треба да има годишен промет од 500 милиони евра, во дејности релевантни за вршење на работа на предметот на концесијата.Одлуката за распишување на овој повик е донесена, по извршените анализи за исплатливоста на избраниот консултант француската компанија Луис Берже.Имплементацијата на концесискиот проект ќе го зголеми степенот на стручност, одговорност и професионално вршење на услугите поврзани со јавните патишта, истакна Јанакиески, додавајќи дека бенефит ќе има и градежниот сектор во државата./крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

