Свет
Експлозија во храм на следбениците на Харе Кришна во Британија
Експлозија одекнала во петок попладне во храм на следбениците на Харе Кришна во британскиотград Лестер во централна Англија, во грофовијата Лестершир, а според псоледните информации нема жртви
Како што соопшти британската телевизија Sky news, којашто се повикува на информации од спасувачката служба на грофовијата Лестершир, засега не може да бидат утврдени причините за експлозијата и големината на штетите од неа. Телевизијата емитува кадри од обидот на пожарникарите да го стават пожарот под контрола. Извори од спасувачката служба соопштиле дека во храмот имало луѓе. Според репортерот на Sky news, уништена е една третина од зградата во која се наоѓале просториите кои се користеле како храм, па спасувачите страхуваат дека има повеќе луѓе заробени под урнатините.Официјален претставник на пожарникарската служба за телевизијата изјавил дека не е познато колку верници имало во храмот кога се случила експлозијата. Дилан Кидџер кој работи во компанија чии канцеларии се во истата улица, изјавил дека кога ја слушнал детонацијата истрачал на улица. Како што опишал, се слушнал продорен звук и зградите се затресле силно. „Избувна силен оган кој ја зафати зградата за пет до десет минути. Видов неколку луѓе кои се молеа и некои кои беа надвор со повреди на рацете и лицата од шрапнели“.Пожарникарите ги прегледувале снимките од термичките камери за да утврдат колку лица излегле од храмот по експлозијата, пренесува телевизијата.„Никој од луѓето кои биле во зданието во моменент на инцидентот, не се води како исчезнат или настрадан. Тоа е радосната вест“, изјавила портпаролката на пожарникарската служба во Лестер.Причините за експлзоијата официјално не се утврдени, но неофицијално за Sky news портпаролката рекла дека најверојатно станува збор експлозија на системот за гас, чиај последица е уривањето на објектот и пожарот. Храмот се наоѓал во адаптирана зграда на периферијата на градот. Според првичните податоци, за време на инцидентот во внатрешноста на храмот имало 30 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е „доказ за очајот на руската државна машина и пропаганда“, пишува „Украинска правда“.
„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на потерницата на руското Министерство за внатрешни работи го покажуваат очајот на руската државна машина и пропаганда. Русите не знаат што друго да измислат за да привлечат внимание“, посочија Украинците. надвор.
„Ги потсетуваме сите дека, спротивно на безвредните руски најави, налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин под обвинение за воени злосторства е реален и спроведлив во 123 земји“, додаваат тие.
Русите не го прецизираа написот врз основа на кој е издаден налогот за апсење на украинскиот лидер. „Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, стои во базата на податоци на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.
Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната.
Свет
НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна
Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Захарова неделава ги отфрли обвинувањата на НАТО дека Русија води хибридна војна против нејзините членки, тврдејќи дека тоа е дезинформација со цел да се одвлече вниманието од активностите на алијансата.
НАТО е тој што води хибридна војна против Русија, поддржувајќи ја Украина со оружје, разузнавачки информации и финансии, рече таа.
„Во моментов, најголемата вежба на НАТО од Студената војна, Непопустлив бранител, се одржува во близина на руските граници. Според нивното сценарио, акциите на коалицијата против Русија се практикуваат со користење на сите инструменти, вклучително и хибридно и конвенционално оружје“, продолжи Захарова.
„Мора да признаеме дека НАТО сериозно се подготвува за потенцијален конфликт со нас“, рече Захарова.
Најавувајќи го почетокот на вежбите во јануари, НАТО најави дека на нив ќе учествуваат 90.000 војници, кои ќе го вежбаат сценариото американските сили да им помагаат на Европејците во земјите кои граничат со Русија и на источното крило на алијансата доколку конфликтот се разгори.
Вежбите ќе траат до мај, пишува Ројтерс.
Свет
Во Мексико трагаа по исчезнати туристи од САД и Австралија, пронајдоа три тела
Мексиканските власти пронајдоа три тела во областа Долна Калифорнија за време на потрагата по исчезнати туристи. ФБИ соопшти дека телата биле пронајдени во градот Санто Томас и се уште не се идентификувани. Австралијците Џејк (30) и Калум Робинсон (33) и Американецот Џек Картер Роуд (30) сурфале во близина на популарното туристичко место Енсенада. Исчезнаа на 27 април, пишува Би-Би-Си.
Мексиканската полиција во четвртокот испрашувала жена и двајца мажи во врска со нивното исчезнување. Пред да бидат пронајдени телата, во областа беа пронајдени напуштени шатори, запален бел пикап и мобилен телефон поврзан со исчезнатите туристи.
Долна Калифорнија е меѓу државите во Мексико со највисоко ниво на насилство додека локалните нарко банди се борат за територија. И покрај тоа, туристите често ја посетуваат областа поради добрите услови за сурфање.