Свет
Либија ги вооружува цивилите за војна против НАТО

Либиската влада почнала со вооружување на цивилното население за да се спротистават на можниот копнен напад на НАТО, соопшти владиниот портпарол
„Во повеќе градови населението се организира во одреди против можните напади на НАТО“, изјави Муса Ибрахим пред новинарите додавајќи дека на сите жители им се делат пушки и лесно вооружување.„Ако НАТО влезе во Мисрата или кој и да е друг либиски град, ќе го отвориме пеколот под нив. Ќе бидеме огнена топка… Ќе се погрижиме да им биде десет пати полошо отколку во Ирак“, додал Ибрахим.Неговата изјава доаѓа еден ден откако Франција им вети на бунтовниците дека ќе ги засили воздушните напади врз силите на Моамер ел-Гадафи и дека во Бенгази ќе испрати воени експерти. Италија и Велика Британија исто така објавија дека испраќаат воени советници за либиските бунтовници кои тешко им одолеваат на нападите на војската лојална на полковникот -Гадафи и покрај воздушните напади на меѓународната западна коалиција кои траат веќе цел месец.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во четвртокот во Љубљана оваа одлука на европските членки на НАТО ја квалификуваше како почеток на копнена воена операција во Либија „ која може да има несогледливи последици“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.