Свет
Нови докази за мачење на затвореници во Либија
Постојат нови докази за измачување на затворените поддржувачи на убиениот либиски лидер Моамер гадафи во затвореничките центри на силите на привремената либиска влада, пренесува BBC, повикувајќи се на затворенички извори.
Постојат нови докази за измачување на затворените поддржувачи на убиениот либиски лидер Моамер гадафи во затвореничките центри на силите на привремената либиска влада, пренесува BBC, повикувајќи се на затворенички извори.
Затвореници од затворот во Мисрата за BBC тврделе дека биле тепани, камшикувани и подложувани на електрични шокови.
Началникот на воениот штаб на тој град ги отфрли обвинувањата. Обвинувањата доаѓаат на точно 100 дена по насилната смрт на Гадафи, кој беше убиен од поранешните бунтовници.
Шефот на канцеларијата за човекови права на ОН, Нави Пилај ја повика преодната влада на Либија да ја презема целосната контрола врз затворите. Таа во петок ја изрази својата загриженост за односот кон затворениците во Либија, особено кон субсахарските Африканци, за кои милициите сметаат дека се бореле на страната на Гадафи.
„Има измачување, егзекуции без судење, силување и на мажи и на жени. Нешто мора да бргу да се стори за да им се помогне на властите да ја преземат контролата врз затвореничките центри“, вели Пилај.
Претходно и медицинската хуманитарна организација Medecins Sans Frontieres објави дека ги прекинува своите дејности во еден од затвореничките центри во Мисрата поради се алармирачкото зголемување на случаите на измачување.
Голем дел од затвореничките центри ги управуваат милициите кои не се под контрола на владата во Триполи.
Дописникот на BBC, Гејбриел Гејтхаус, успеал да влезе во еден од тие затвори. Затворениците му рекле дека биле изложени на долготрајни тепања и дека биле камшикувани со електрични кабли.Сепак, затворениците изјавиле и дека ниту едно од наводните измачувања не се случило во затворот во кој влегол дописникот.
„Ме однесоа на испрашување на место кое го користи армијата. Мојата нога веќе беше повредена, а тие упорно ме тепаа по повредената нога додека ме испрашуваа, па сега е уште поотечена“, се пожалил еден од затворениците, кој побарал да остане анонимен.
Други затвореници изјавиле дека биле измачувани пред да бидат донесени во затворот.
Меѓународните организации за заштита на човековите права тврдат дека таквите инциденти се честа појава ширум земјата.
„Измачувањата ги извршува официјално признаената армија и безбедносните служби, како и огромниот број на разни милиции кои дејствуваат надвор од законските рамки“, изјави портпаролот на Amnesty International.
Луѓето кои управуваат со затвореничкиот центар во Мисрата велат дека знаат оти затворениците биле одведувани и измачувани, но немаат моќ да го сопрат тоа.
Истовремено, началникот на воениот совет на Мисрата, Ибрахим Беителмал, негира какви и да било малтретирања и тврди дека тие што обвинуваат имаа скриени агенди.
„Мислам дека луѓето кои работат под маската на хуманитарните организации или како лекари без граници се петта колона на Гадафи. Можеби имало неколку случаи во кои поранешните бунтовници се одмаздувале, но тоа не значи дека мојата канцеларија наредила да се измачуваат затворениците“, тврди тој.
Обединетите нации проценуваат дека околу 8.500 луѓе, повеќето обвинети дека му биле лојални на Гадафи, се чуваат во затворите и затвореничките центри ширум Либија. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.

