Спорт
Трета победа за Чагин на релито Дакар

Рускиот натпреварувач Владимир Чагин од класата камиони од тимот на Камаз е победник на третата етапа од релито Дакар која се возеше од Ла Риоха до Фиамбала
Чагин ја заврши третата етапа со време од 3 часа 26 минути и 53 минути. Сонародникот и тимски колега Фирдаус Кабиров го освои второто место а Бразилецот Андре де Азаеведо повторно го освои третото место со заостанување од 37 минути.Стефан Петехансел од тимот на БМВ триумфираше во третата етапа во категоријата автомобили со време од 2 часа 55 минути и 19 секунди пред Карлос Саинз и Насер Ал Атилах од Фолсваген. Три натпреварувачи од Аргентина ги освоија првите три места во третата етапа од класата мотори на четири тркала. Себастијан Халпен беше најбрз со извозено време од 4 часа, 13 минути 24 секунди. Маркос Патронели се пласира на втората позиција а трет беше Јорге Мигуел Сантамарина.Кирил Десперс конечно победи во третата етапа кај моторите на две тркала со време од 3 часа, 1 минута и 9 секунди. На второто и третото место се пласираа Португалците Хелдер Родригез и Пауло Гончалвес. Следната етапа ќе се вози од Фиамбала до Копијапо и со оваа етапа ќе започне возење на територијата на Чиле. Воедно започнува еден од најтешките делови од релито бидејќи натпреварувачите ќе возат низ пустината Атакама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шерки се повреди, ќе отсуствува најмалку два месеци

Фудбалерот на Манчестер сити, Рајан Шерки, ќе биде надвор од терените во следните два месеци поради повреда на квадрицепсот, потврди менаџерот на „грашаните“, Пеп Гвардиола.
Шерки, во Сити, пристигна во јуни од Олимпик Лион за 30,45 милиони фунти.
22-годишникот постигна гол на своето деби во Премиер лигата во победата од 4-0 против Вулверхемптон. Французинот започна во поразот од Тотенхем во второто коло, а го пропушти вечерашниот натпревар поради повреда што ќе го одвои долго време.
Сити, во неделата претрпе уште еден пораз во Брајтон со 2:1.
Француската фудбалска федерација објави дека напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике, ќе го замени Шерки во националниот тим за квалификациите за Светското првенство во септември. „Триколорите“ ќе се сретнат со Украина и Исланд.
По паузата за репрезентатаивните натпревари, „граѓаните“ ќе го играат дербито на Манчестер против Јунајтед.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Едерсон е новиот голман на Фенербахче

Заврши ерата на Едерсон во Манчестер сити. Искусниот голман, по речиси една деценија го напушти „Етихад“.
На Едерсон јасно му беше кажано од Пеп Гвардиола дека повеќе не смета на него, па затоа и Џејмс Трафорд пристигна во Сити. Се очекува и доаѓањето на Џанлуиџи Донарума, што значи дека Едерсон е вишок.
Фенербахче ќе му плати на Сити околу 14 милиони евра за искусниот голман, Едерсон ги прифати сите услови. Фенербахче успеа да го победи градскиот ривал Галатасарај во борбата за потписот на бразилскиот голман.
Едерсон сега патува во Истанбул за да ги помине медицинските прегледи и да го потпише договорот.
Едерсон го носеше светло синиот дрес 372 пати и одигра активна улога во освојувањето на шест титули во англиската Премиер лига, два ФА купа, четири Лига купа и титулата во Лигата на шампионите во 2023 година.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Бетис и Манчестер јунајтед го договориле трансферот на Антони
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бразилецот Антони е блиску до враќање во Бетис, откако двата клуба постигнаа договор за висината на обештетувањето.
„Атлетик“, тврди дека Манчестер јунајтед ќе заработи 25 милиони евра од продажбата на крилниот напаѓач, како и 50 проценти од следниот трансфер.
На овој начин е решен проблемот, бидејќи Бетис не беше во позиција да плати повеќе за фудбалерот кој блесна во зелено-белиот дрес во вториот дел од минатата сезона. Вреди да се потенцира дека Антони, кога стана вишок на „Олд Трафорд“ преферираше само трансфер во Бетис.
Ентони е член на Јунајтед од 2022 година, кога клубот му плати 95 милиони евра за неговите услуги на Ајакс.
Foto/ EPA/Pawel Jaskolka