Македонија
Лекарите ќе штрајкуваат сé додека не постигнат договор со министерот за здравство
Лекарите ќе штрајкуваат сé додека не постигнат договор со Министерот за здравство, Никола Тодоров, најавуваат од Самостојниот синдикат на клинички центар
Засега нема одговор од министерот за здравство, иако како што изјави за Макфакс претседателот на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, Дејан Ставриќ, од најавата на штрајкот, пред две седмици од Синдикатот секој ден му праќале на министерот покана за преговори, но одговор немало.
Поради природата на лекарската работа, ќе работат клиниките каде што се примаат итните случаи, како Клиниката за токсикологија, ургентните центри, психијатрија, дијализа на клиниката за нефрологија. За време на паузата, од 10 часот, лекарите излегоа на протест за да го изразат своето незадоволство од плаќањето по учинок.
Ставриќ вели дека притисоци врз лекарите имало на стоматолошката клиника на инфективната клиника, каде што економските директори ги кинеле плакатите за штрајк.
Ставриќ , исто така, вели и дека сите итни случаи ќе бидат примени на клиниките, освен оние случаи кои може да почекаат.
Лекарите сметаат дека не е законски министерот да им бара списоци на лекарите за тоа кој ќе штрајкува, а кој не. Ставриќ вели дека тоа претставува притисок и еден вид мобинг врз лекарите.
Министерството за здравство преговара со Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, но Ставриќ вели дека во овој синдикат има многу малку членови. Според него, 95 отсто од лекарите специјалисти членуваат во Синдикатот на клинички центар.
Тодоров изјави дека ќе застане на страната на пациентите и дека нема да го поддржи штрајкот на лекарите.
Лекарите штрајкуваат против моделот плаќање на лекарите по учинок. Тодоров најави дека сите лекари кои ќе штрајкуваат нема да добијат дневници./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

