Свет
Ал Каеда против НАТО и Гадафи
Видео снимка на која вториот човек на терористичката Ал Каеда, Ајман ал – Завахири, ги повикува сите муслимански земји да се борат против САД и НАТО доколку нивните сили ја нападнат Либија, е објавена на интернет
Ајман Ал-Завахири, на снимката која е направена пред почетокот на бомбардирањето на Либија ги повикува муслиманските земји да се борат и против либиската војска, лојална на Моамер ел-Гадафи, пренесуваат агенциите.Тој потенцира дека особено Египет, Алжир и Тунис треба да се кренат и борат против платениците на Гадафи.Инаку и претходноглобалната терористичка мрежа Ал Каеда се огласуваше во врска со судирите во Либија, барајќи соборување на режимот на полковникот Моамер ел-Гадафи и воспоставување исламска управа во Либија.Меѓу бунтовничките сили кои се борат за соборување на режимот на Моамер ел-Гадафи во Либија, може да се инфилтрирани и терористи од меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда и од либанското шиитско движење Хезболах, н акрајот од март изјави врховниот командант на силите на НАТО во Европа, адмирал Џејмс Ставридис, говорејќи пред Сенатот.„Ние внимателно го проучуваме составот на бунтовнички групи и конкретните лица кои се водачите на опозицијата“, рече адмиралот Џејмс Ставридис. Спроед него, разузнавачките извештаи покажале дека има „знаци на потенцијално присуство (меѓу бунтовниците) на Ал-Каеда и на Хезболах.“„Во овој момент не можам да кажам дека меѓу опозицијата е опипливо присуството на Ал Каеда или други терористички организации“, реча на 29-ти март Ставридис, говорејќи пред сенаторската комисија во Вашингтон.Претходно во Париз претседателот на Чад (сосед на Либија), Идриз Деби, за весникот „Млада Африка“ (Jeune Afrique) изјави декаа припадници на терористичката организација „Ал Каеда во земјите на исламскиот Магреб“ искористувајќи ја воената ситуација во Либија украле ракети „земја-воздух’ Според него, милитантите на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда го прокриумчариле оружјето во централна Сахара.Уште од почетокот на немирите либискиот водач Моамер ел-Гадафи во разговор за францускиот весник Journal du Dimanche, а подоцна и во заедничко интервју за американската телевизија ABC, како и за британските BBC и Telegraph изјави дека се бори против терористите на Ал Каеда, чиишто челници преку аудио и видео снимки во неколку наврати им дадоа поддршка и понудија помош за востаниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 милијарди долари
Илон Маск стана првата личност чија нето вредност надмина 600 милијарди долари, според пресметките на списанието Форбс објавени во понеделник. Зголемувањето на богатството на Маск беше поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, SpaceX. Форбс ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак ја зголеми пресметката на уделот на Маск.
Само неколку часа претходно, Форбс ја процени нето вредноста на Маск на околу 500 милијарди долари. Богатството на Маск е првенствено поврзано со неговите удели во производителот на електрични автомобили Tesla и SpaceX. За разлика од Tesla, SpaceX е во приватна сопственост, што значи дека цената на неговите акции не се одредува на берзата.
Во такви случаи, проценките се базираат на рунди на финансирање или продажба на акции од страна на вработените и можат значително да се разликуваат од конечната пазарна вредност. Врз основа на цената по која вработените можеа да ги продадат своите акции, Форбс ја пресмета вкупната вредност на SpaceX на 800 милијарди долари, што е зголемување од претходната проценка од 400 милијарди долари.
Со оглед на тоа што Маск поседува приближно 40 проценти од SpaceX, ревидираната проценка на Форбс ја зголеми неговата проценета нето вредност на 677 милијарди долари.
Европа
(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.
Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.
„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.
REPORTER: An Article 5-like deal seems to be emerging without NATO membership for Ukraine. If such a security guarantee is offered, what incentive is there for Ukraine to give up any sort of territory?
US PRESIDENT TRUMP: Well, they've already lost the territory, you know, to be… pic.twitter.com/99sx8a6f03
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) December 15, 2025
На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.
Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.
На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.
Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.
Регион
Маж ја избол до смрт партнерката на улица во Србија
Страшно злосторство го потресе вчера Лесковац во Србија, каде што 64-годишен маж, Р.Д., е осомничен дека ја избол до смрт својата 53-годишна партнерка. Убиството, како што соопшти Полициската управа во Лесковац, се случило околу 16:30 часот, пишува Н1 Србија.
Според полицијата, жената починала на местото на настанот од повеќекратни убодни рани. Припадници на Министерството за внатрешни работи брзо интервенирале и го уапсиле осомничениот кратко време по злосторството.
Истрагата е во тек
Р. Д. е обвинет за кривично дело убиство. Со наредба на Вишиот јавен обвинител, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде донесен на распит во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава.

