Контакт

Македонија

Лидерите послушни за барањата на Рен

Објавено пред

Лидерите на најголемите политички партии денеска на средба ги усогласија ставовите околу законите за Собрание, за финансирање на политичките партии, за државна администрација и околу употребата на албанскиот јазик во институциите, согласно насоките кои вчера ни ги достави еврокомесарот Оли Рен.

dobivaj vesti na viber

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и лидерите на ДУИ и Нова демократија, Али Ахмети и Имер Селмани на лидерската средба разговараа околу евроатланската интеграција на државата и исполнување на обврските за добивање на позитивен извештај од Европската комисија на есен.На средбата, која што, како што оценуваат учесниците, поминала во конструктивна атмосфера, Груевски го прифатил барањето на СДСМ, Собранието наскоро да расправа и за измени во Деловникот за работата на парламентот и покрај тоа што тоа не е дел од европската агенда.„Со главната опозициска партија се согласивме, иако тоа не е барање од Европската Унија, да се направат измени на Деловникот според препораките у забелешките на Венецијанската комисија“, изјави Груевски.Договорот е народните избраници да изгласаат заклучок со кој ќе се обврзат три месеци од донесувањето на Законот за собрание да се отвори собраниска расправа и за измена на Деловникот, но исклучиво според препораките на Венецијанската комисија. Претходно, СДСМ имаше свои барања и амандмани за измена на деловникот, но во името на конструктивноста се откажуваат од нив.„За нас е недозволиво да истекува 4-та година по ред како државата има кандидатски статус, а да не ги имаме исполнето критериумите и условите за почеток на преговорите со Унијата. Се наоѓаме во трка со времето, па СДСМ во овој период ќе постапува крајно конструктивно за доброто на државата“, рече Црвенковски по завршувањето на средбата.Власта ги прифатила и барањата на опозицијата со Собранискиот канал да раководи потпретседателот на Собранието избран од редот на опозициските парламентарни партии.Во однос на забелешките за Нова демократија, но и на еврокомесарот Рен за до имплементирање на Охридскиот рамковен договор, лидерите се договориле за целосно исполнување на принципите на правична застапеност на Албанците при вработување во институциите на државата и на локалната самоуправа.„Беа искажани заеднички заложби на сите политички партии за целосна имплементација на духот на Рамковниот договор“, изјави Џевад Адеми од ДУИ.За употребата на албанскиот јазик како службен во Собранието решено е да се формира експертско собраниско тело кое ќе изготви извештај за употребата на албанскиот јазик согласно Законот за употреба на јазиците и Законот за собрание. Одбиено е барањето на Селмани да се прави проширување на обемот на употреба на јазикот надвор од Законот за употреба на јазиците, туку власта прифатила само доимплементирање на Законот з аупотреба на јазиците. Селмани се согласил дека ако експертското тело ги даде потребните резултати ќе се откаже од амандманите на Законот за собрание кои се однесуваат токму на овој дел.Лидерите се согласиле наскоро да се усогласат ставовите и околу измените на Законот за државни службеници, при што Владата ќе ги има пред вис забелешките на опозицијата. Се очекува овој закон да се најде во собраниска процедура кон крајот на август.За да ја постигнат динамиката т.е. во рок од 50 дена до 15 септември кога Европската унија го изготвува извештајот за напредокот на државата во евроинтеграциите, најверојатно ќе биде скратен годишниот одмор на пратениците.На лидерската средба, и покрај тоа што беше поканет  не се појави лидерот на ДПА – Мендух Тачи. Тој во отворено писмо до Груевски денеска ги образложи причините за своето недоаѓање. Тачи се пожали дека лидерските средби биле неефикасни, дека на дневен ред никогаш не биле ставани точки кои се од важност за Албанците. Претседателот на ДПА го обвините премиерот дека го нарушува принципот на секуларност со изградбата на црква на плоштадот и за проширување на Рамковниот договор.„Го прочитав писмото и кога станува збор за таков стил и таков вокабулар, што во последно време може да се чуе од него и од Љубе Бошковски, не сакам да коментирам. Тоа повеќе говори за нив, отколку за мене. Во секој случај жал ми е што не дојде денеска“, одговори Груевски.Нов член на лидерските средби е Селмани, чие појавување власта го објасни со тоа што знаеле дека Тачи нема да се појави, па го поканиле лидерот на Нова демократија за да има релевантна опозициска албанска партија на состанокот.„Гласовите на последните избори покажаа. Тие 150 илјади гласови се релевантни, а релевантна е и пратеничката група која ја имаме“, се одбрани Селмани.На средбата отчет даваа и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски за тоа како поминале средбите со Рен, а дојде и претседателот на собранието Трајко Вељаноски како гаранција за носењето на договорените закони.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен

Објавено пред

Од

Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.

Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.

„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.

Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.

„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.

Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.

„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

dobivaj vesti na viber

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.

Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.

На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.

Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Објавено пред

Од

На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ9 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија9 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија10 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија11 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија11 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион12 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија13 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија13 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет13 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет14 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа14 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет14 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет15 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа15 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион24 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...