Свет
Најмалку 30 мртви во багдадската џамија
Најмалку 30 лица загинале, а 22 се ранети денеска кога е изведен напад на шиитската џамија во јужниот дел на Багдад, објавија болнички и полициски извори.
Најмалку 30 лица загинале, а 22 се ранети денеска кога е изведен напад на шиитската џамија во јужниот дел на Багдад, објавија болнички и полициски извори. Преживиенатите велат дека маж со експлозив околу појасот се разнесол пред џамијата во округот Доури во југозападен Багдад. Полицијата првично сметаше дека станува збор за напад со рачен фрлач на ракети, но после објави дека тоа бил самоубиствен напад./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Обвинителството отворило предмет за незаконско следење на Мицкоски од безбедносните служби
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицкоски, кој на седница за пратенички прашања во Собранието на РСМ изјави дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 година.
-Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите.
Имајќи предвид дека се работи за сензитивен карактер на пласираната информација, обвинителството ќе ги преземе сите неопходни активности преку надлежни органи за да ги испита својствата на можни инволвирани лица и евентуалните инкриминирани дејствија, велат од Обвинителството.
Свет
Силен земјотрес ги погоди Курилските острови
Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилските острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот е регистриран во близина на градот Јужно-Курилск, во копнениот дел на најголемиот остров, каде живеат околу 6.000 луѓе, нешто пред 14 часот по европско време.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 152 километри.
Свет
Украина испраќа 500 тони брашно во Сирија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја испратила 500 тони пченично брашно во Сирија како хуманитарна помош.
Зеленски изјави дека станува збор за хуманитарна иницијатива „Жито од Украина“, што Киев ја почна во соработка со Светската програма за храна на Обединетите нации.
Планирано е брашното да биде поделено на 33.250 семејства, односно меѓу 167.000 луѓе, во текот на неколку недели.
Секој пакет е тежок 15 килограми и може да прехрани петчлено семејство еден месец, рече Зеленски.
По соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој беше близок руски сојузник, Зеленски рече дека Украина сака да ги обнови односите со Дамаск, според „Ројтерс“.