Контакт

Свет

Адвокатот на Брејвик има намера да го донесе случајот пред суд

Објавено пред

Адвокатот на Норвежанецот Андрес Бехринг Брејвик, Гејир Липестад изјави дека не е изненаден од психијатриското вештачење според коешто неговиот клиент е прогласен за умоболен, и дека е посветен на работата случајот да го донесе пред суд.

dobivaj vesti na viber

Адвокатот на Норвежанецот Андрес Бехринг Брејвик, Гејир Липестад изјави дека не е изненаден од психијатриското вештачење според коешто неговиот клиент е прогласен за умоболен, и дека е посветен на работата случајот да го донесе пред суд.Андерс Брејвик, самопрогласениот активист против доселувањето на странците во неговата татковина Норвешка, страда од параноична шизофренија и не може да се појави пред судот, и ќе биде испратен на задолжително лекување, гласи заклучокот на норвешките психијатри кои го иследуваа обвинетиот за извршување на двојниот терористички чин во кои загинаа 77 луѓе, претежно млади луѓе посетители на летниот камп на владејачката Лабуристичка партија, што е најголемиот масакр во Норвешка од Втората светска војна. „Таков е заклучокот – умоболен“, изјави обвинителот Свен Холден на прес-конференцијата во вторникот. Тој појасни дека вештачењето покажало дека Брејвик живее во свет на илузии и неговите мисли и дела се управувани од тој свет. Според Холден, Брејвик боледува од параноидна шизофренија и бил психотичен во времето на нападите. Психијатрите како илузии го опишале „тоа што Брејвик себеси се смета за избран да одлучува кој ќе живее а кој мора да умре, и дека токму тој е избраниот да ги спаси луѓето коишто тој ги нарекува својот народ“. На вештаците Брејвик им рекол дека себеси се смета за „најсовршениот витез“ по Втората светска војна. Најавил дека неговиот ред Витези темплари ќе ја преземат Европа а себеси се гледа како иден владетел на Норвешка и на континентот. Психијатрите, исто така, набележале во извештајот дека Брејвик има „репродукциски планови со Норвежаните и има намера да ги организира како резерва“.Во манифестот што Брејвик го има објавено на интернет пред нападот напиша дека сака Норвешка да ја заштити од заканите на муслиманските доселеници.Доколку судот го прифати наодот на експертите, Брејвик наместо во затвор ќе биде сместен во психијатриска клиника во којашто би останал сé додека се смета опасен за општеството. Но доколку би се проценило дека е излечен, би можело да биде отпуштен „Доколку не биде психотичен и не би претставувал закана за општестовото, неговата пресуда би можела да биде укината“, изјави обвинителката Инга Бејер Енг. Судот би можел да го отфрли вештачењето на психијатрите и да одреди ново, но според локалните медиуми, тоа многу ретко се прави во Норвешка.  За време на објавувањето на заклучокот до вештачењето на Брејвик сочинето на 290 страници, неговиот адвокат Гејир Липестад престојуваше во САД каде собирал информации за делото на својот клиент, а објавувањето на вештачењето го следел од хотелската соба, јави телевизијата NRK. „Случајот доби нов пресврт. Ние ќе работиме со него до моментот кога ќе почне судскиот процес“, изјави адвокатот Липестад за норвешката телевизија NRK.Во тоа време, сé уште не го знаел наодот на психијатрите за Брејвик. Затоа, не можеше да се предвиди и реакцијата на неговиот адвокат. Според норвешките медиуми веста на обвинетиот пресудата треба да му биде соопштена до крајот на денот. „Го разбирам разочарувањето на обичните луѓе, кои се надеваа дека на Брејвик ќе му се суди“, вели Липестад.Доколку судот го прифати вештачењето, на Брејвик сепак ќе му се суди но нема да заврши во затвор.Многу повеќе отколку во другите држави, кривичниот систем во Норвешка се базира повеќе на принципот на рехабилитација отколку на казнување. Мислењата во норвешкото општество се поделени по вештачењето. Некои, како претставниците на Партијата на прогресот, се незадоволни од резултатите од експертизата, и имаат намера да побараат ревизија. Некои од роднините на жртвите на Брејвик веруваат дека казната, пред сè, треба да го спречува самиот обвинет.Вестите за недоветноста на Брејвик активно се толкуваат преку социјалните мрежи. „Дали еден луд човек толку внимателно и темелно може да ги планира своите злосторства“, е прашањето што најмногу си го поставуваат Норвежаните.Сега специјална комисија ќе ги разгледа наодите на експертите, а конечната одлука за тоа дали Брејвик ќе биде сместен во психијатриска болница од затворен тип или во затвор – ќе одлучи судот. Тоа ќе се случи, како што е претходно предвидено, на 16 април следната година, изјавија претставници на судот.Брејвик кој е обвинет за масакрот извршен на 22 јули оваа година, во двоен напад во Осло и на островот Утеија, планирал да ги убие норвешкиот министер за надворешни работи Јонас Гар Стер, поранешната премиерка 72-годишната Гро Харлем Брунтланд, како и лидерот на подмладокот на Лабуристичката партија на Норвешка, Ескил Педерсен, кои ги нарекол „предавници од категорија А“ и планирал „со нив да се пресмета“ на островот Утеија. Според норвешкиот печат, тој со експлозијата што ја подметна во центарот на Осло, каде е канцеларијата на премиерот на Норвешка, планирал зданието „да го срамни со земја’, но во тоа за среќа не успеал.Во двојниот напад во Норвешка од 22 јули загинаа 77 лица. Во првиот напад, кога бомба експлодираше во центарот на норвешката престолнина крај комплексот владини згради загинаа осум лица. Половина час подоцна облечен во полициска униформа, 32-годишниот Брејвик отвори оган во летниот младински камп на владејачката Лабуристичка партија кој се одржуваше на островот Утеија во близина на Осло. Во овој напад беа убиени 69 луѓе.Брејвик откако беше уапсен истиот ден досега се наоѓа во притвор, без право на посети, водење преписка и користење интернет. На 14-ти ноември, Окружниот суд во Осло му го продолжи притворот за уште 12 седмици, до 6-ти февруари 2012 година. Според одлуката на судот, забраната за медиумите да имаат пристап до осомничениот ќе биде симната четири седмици од новиот притворен рок, а по истекувањето и на осмата седмица од притворот ќе биде воведена контрола за неговите преписки и посети.Брејвик уште на првиот распит го призна извршувањето на масакрот што норвешките власти го карактеризираа како терористички чин, но се изјасни дека не се чувствува виновен. Овој став тој го повтори и пред две седмици, објаснувајќи дека „тој ги извршил своите акции во борбата против мултикултурализмот во Норвешка“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Захарова: Атентатот врз рускиот генерал е обид за спречување на преговорите за Украина

Објавено пред

Атентатот врз генералот Алексеев е дел од хибридна војна финансирана од Западот. Една од целите на овој терористички напад беше да се спречат преговорите, изјави претставничката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во интервју за Спутник.

dobivaj vesti na viber

„Ова е дел од хибридната војна финансирана од Западот, а спроведена од режимот во Киев. Хибридната војна предвидува такво повеќевекторско влијание врз ситуацијата. Една од целите на ваквите терористички напади е да се спречи процесот на преговори, обид да се посее сомнеж во општеството за целесообразноста на преговорите. Ова е навистина една од целите“, рече Захарова.

Според неа, атентатот врз првиот заменик-началник на Генералниот директорат на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал-потполковник Владимир Алексеев, е терористички чин на Киев, кој сфаќа дека нема перспектива на бојното поле.

„Тоа во никој случај не влијаеше на основните цели и задачи формулирани од земјата. Како ќе се развива процесот на преговори, како ќе се одвива работата со странските земји и во кои насоки, го одредува раководството на нашата земја. И тој ќе биде структуриран врз основа на националните интереси. И целата оваа терористичка банда, оваа толпа, мора многу добро да го знае тоа“, истакна Захарова.

Како што изјави таа, може да се очекува зло од режимот во Киев, но тоа нема да влијае на способноста на Русија да издржи.

„За жал, може да се очекува зло од нив, но нема сомнение дека тоа ќе доведе до уште поголема трагедија на глобално ниво и дека ние ќе преживееме во таа ситуација“, рече Захарова.

Таа истакна дека Владимир Зеленски имал „Наполеонов“ план да нанесе стратешки пораз на Русија и дека тој „мислел дека тој ќе биде оној што ќе го спроведе овој концепт“.

„Откако претрпеа тежок неуспех на тие планови, тие се префрлија на она што е погодно, што е практично, достапно за таква одмазда, за некое терористичко подземје. Но, повторувам, тие планови не се предодредени да се остварат“, заклучи дипломатката.

Вооружен човек го застрела Алексеев во станбена зграда во Москва во петокот. Генералот е хоспитализиран.
Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) објави во неделата дека го привела сторителот на атентатот и еден од неговите соучесници.

Прикажи повеќе...

Свет

Европскиот парламент усвои построги и побрзи правила за азил

Објавено пред

Денес, Европскиот парламент усвои измени на регулативите на ЕУ за постапката за азил со цел да се овозможи побрза обработка на барањата за азил.

dobivaj vesti na viber

Амандманите, кои ја вклучуваат изменетата листа на безбедни земји од ЕУ, беа усвоени со 408 гласови „за“, 184 „против“ и 60 „воздржани“, а на истата седница европратениците одобрија и договор за регулативата за спроведување на концептот на безбедна трета земја, со 396 гласови „за“, 226 „против“ и 30 „воздржани“.

Новата листа на безбедни земји на ниво на потекло на ЕУ ќе овозможи брзо решавање на барањата за азил на граѓани на Бангладеш, Колумбија, Египет, Индија, Мароко, Тунис.

Според новите правила, поединечниот барател мора да покаже дека одредбата за безбедна земја не треба да се применува во неговиот случај поради основан страв од прогон или ризик од сериозна неправда ако се врати во својата земја.

Земјите кандидати за пристапување во ЕУ ќе се сметаат за безбедни земји на потекло, освен ако релевантните околности не укажуваат поинаку, што вклучува неселективно насилство во контекст на вооружен конфликт, стапка на признавање азил на нивните граѓани на ниво на ЕУ што е поголема од 20 проценти и економски санкции поради дејствија што влијаат врз основните права и слободи.

Комисијата ќе ја следи ситуацијата во земјите на листата и во земјите кандидати и ќе реагира доколку околностите се променат, се вели во соопштението на ЕП.

Известувачката Лена Дипонт од Германија оцени дека денешното гласање за концептот на безбедни трети земји обезбедува уште еден клучен елемент за функционален и кредибилен систем за азил.

„Со овозможување побрзо и поефикасно отфрлање на очигледно неосновани барања за азил во иднина, ги забрзуваме процедурите за азил, ги олеснуваме системите на земјите-членки и им помагаме на луѓето да не бидат во правна неизвесност со години“, рече таа.

Пред да стапат во сила, овие регулативи треба да бидат усвоени од Европскиот совет, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Макрон: Ова е повик за будење за Европа, мора да почнеме да се однесуваме како светска сила

Објавено пред

Од

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја повика Европа да се наметне на светската сцена, предупредувајќи дека континентот се соочува со „повик за будење“ поради растечките закани од Кина, Русија, па дури и од САД.

dobivaj vesti na viber

Пред самитот на ЕУ оваа недела во Брисел, Макрон изјави за неколку европски весници дека е време Европа да почне да се однесува како „светска сила“, објави Би-Би-Си.

„Европа денес се соочува со огромен предизвик, во свет кој е во хаос“, предупреди Макрон во интервју.

„Дали сме подготвени да станеме светска сила? Тоа е прашање што се однесува на економијата и финансиите, одбраната и безбедноста, како и на нашите демократски системи“, рече тој. „Во друга ера, би можеле да кажеме дека ова е моментот за полнолетство“.

Макрон го повтори својот повик за заедничко задолжување на ниво на ЕУ за да се соберат стотици милијарди евра потребни за индустриски инвестиции.

„Време е да се започне заедничко задолжување за финансирање на нашите идни трошоци – еврообврзници за иднината. Ни требаат големи европски програми за финансирање на најдобрите проекти“, рече тој.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија3 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија3 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија4 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија4 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет5 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија6 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија6 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија7 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет7 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет8 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет8 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет9 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа9 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет9 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет9 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет21 час

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија21 час

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...