Контакт

Свет

Грчката влада ја одобри приватизацијата на 14 регионални аеродроми

Објавено пред

Грчкиот Совет за економска политика ја одобри приватизацијата на 14 регионални аеродроми во позла на германско-грчкиот конзорциум „Fraport и Slentel Ltd“, групација на грчкиот магнат Копулузос.

dobivaj vesti na viber

Според условите за концесијата, конзорциумот ги добива аеродромите на користење во текот на 40-годишен период. За тоа „Fraport и Slentel Ltd“ ќе ѝ плати на грчката влада еднократно 1,2 милијарди евра, и потоа по 22,9 милиони евра како годишен наем. Покрај тоа, првите четири години конзорциумот ќе инвестира во аеродромите 330 милиони евра, а вкупната инвестиција во 40-те години треба да изнесува 1,4 милијарди евра.

Приватизацијата на грчките аеродроми, како и на пристаништата, е еден од условите од договорот за новиот трет пакет меѓународна финансиска помош за Грција со странските доверители. Кредиторите бараа формриање приватизациски фонд во вредност од 50 милијарди евра, во којшто во прв ред би се слевале приходите од приватизацијата на услугите на поморските и воздушните пристаништа и од железничкиот тртанспорт. Грција управува со фондот, меѓутоа под надзор на меѓународните институции.

Решението е потпишано од вицепремиерот Јанис Дагасакис, министерот за финансии Евклидис Цаколотос и министерот за индустриски реформи, заштита на животната средина и енергетика Панос Скурлетис, пренесува агенцијата ANA.

Тендерот за приватизација на аеродромите, кој беше распишан во 2013 година од агенциајта за приватизација Taiped. Aа годинава го суспендираше владата на премиерот Алексис Ципрас, го доби една од најголемите германски компании „Fraport“, којашто конкурираше заедно со грчката компанија „Slentel Ltd“, а Берлин инсистираше да се спроведе договорот. Тендерот се состоеше од правото на користење, управување и експлоатација на 14 регионални аеродроми и 39 регионални воздушни пристаништа во земјата.

Станува збор за профитабилни воздухопловни терминали во некои од најпопуларните туристички острови во Грција, како Родос, Крф, Миконос и Санторини. Во понудата, исто така, вклучени се и аеродромите во Солун, Актиона, Хани (на островот Крит), Кавала, на островите Кефалонија, Кос, Лезбос, Самос, Скијатос и Закинтос. Севкупно, овие аеродроми опслужуваат околу 20 милиони патници годишно./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико

Објавено пред

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.

dobivaj vesti na viber

Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.

„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Свет

Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат

Објавено пред

Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.

dobivaj vesti na viber

Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.

Бербата започнува веќе во октомври.

Прикажи повеќе...

Свет

Тони Блер: Бомбардирањето на НАТО беше правилно, стојам со народот на Косово

Објавено пред

Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, во Приштина истакна дека „интервенцијата на НАТО пред 25 години била вистинската работа“ и дека „застанува со граѓаните на Косово“.

dobivaj vesti na viber

„Да се ​​биде овде, буди длабоки емоции. Му честитам на народот на Косово за храброста и непоколебливата решителност да ја искористат за ослободување на земјата. Тогаш се уверив дека тоа е вистинската работа и денеска стојам со народот на Косово со убедување“, рече Блер на заедничката конференција со претседатката на Косово, Вјоса Османи.

Блер додаде дека очекува Косово во иднина да стане дел од Европската Унија.

„Овде се случуваат многу позитивни работи, кои се добри за целиот свет. Едвај го чекам денот кога Косово ќе го заземе своето место во европското семејство“, изјави Блер.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион20 минути

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Албанија ќе биде првата земја кандидат за членство која ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, соопшти...

Македонија58 минути

Запленети златен накит, лекови, облека, цигари и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен...

Македонија1 час

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ...

Свет4 часа

Австралија ги повика граѓаните да го напуштат Израел додека се уште има летови

Австралија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел и ги повика Австралијците таму да ја напуштат земјата додека...

Свет4 часа

Бела куќа: Со години ги следиме иранските закани кон поранешниот претседател Трамп

Белата Куќа во понеделникот објави дека САД со години внимателно ги следат иранските закани кон поранешниот претседател Доналд Трамп и...

Топ13 часа

Пукање во Чаир: повреден маж

Триесет и петгодишен маж е повреден во пукање кое се случило вечерва во Чаир, информираат од МВР. -Денеска (14.10.2024) околу...

Македонија19 часа

По укинувањето на балансерот, академици од сите универзитети ќе дебатираат за законот за правична застапеност, уверува Меџити

Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити...

Македонија20 часа

Адвокатот Туфегџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома, таткото не сакал да верува во тоа па затоа кажал дека е киднапирана

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ во изјава за медиумите оцени дека исказот на мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска...

Македонија21 час

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата

Марјан Витановски, адвокатот на Љупчо Палевски во изјава за медиумите рече дека засега нема искази кои би упатувале на тоа...

Македонија22 часа

Majката на Вања сведочеше во судот: „Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на ‘Гугл’ првин не однесе во напуштена куќа“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања. Ѓорчевска изјави дека во моментот кога сфатиле...

Македонија1 ден

ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно...

Македонија1 ден

Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина, велат од СДСМ

„Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба...

Свет1 ден

Нуклеарната вежба на НАТО започнува денеска: „јасен сигнал до Москва дека алијансата е подготвена да се брани“

Денеска НАТО ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествуваат околу 2.000 воен персонал од осум воздушни бази...

Свет1 ден

(Видео) Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, 4 војници загинаа, 60 се ранети

Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот...

Свет1 ден

Хуманитарна пауза: Во Газа започнува вториот круг на вакцинација против детска парализа

Денеска во Појасот Газа треба да започне вторниот круг вакцинација против детска парализа, чија цел е околу 590.000 деца под...

Македонија2 дена

Радев: Преговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија завршија пред две години

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол по Договорот...

Македонија2 дена

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово...

Македонија2 дена

Огромни гужви на грчко-македонската граница: „Се чека и до три часа“, се жалат граѓани

Колони возила има попладнево на граничниот премин Еврзони од грчка страна, додека голем број македонски граѓани се враќаат од продолжениот...

Топ2 дена

Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река

Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во...

Македонија2 дена

Замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања, вели вицепремиерот Фетаи

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска...